Добивај вести на Viber
Процентот на неисплатени субвенции за земјоделство за ланската година е многу поголем од 5 отсто, тврдат од опозициската СДСМ. Од партијата велат дека според нивните информации и анализи што ги направиле, со завршувањето на законскиот рок, исплатени се околу 40 милиони евра субвенции за директна поддршка на земјоделството.
-Во програмата за 2014 година се планирани 102 милиони евра за субвенции. На 2 јуни 2015, во најновата измена на Програмата за земјоделство и рурален развој, од планираните 102 милиони евра за 2014, не се исплатени 66 милиони евра што се префрлени како долг во 2015 година. Тоа значи дека за 2014, 66 милиони евра или или 60% не се исплатени на име субвенции, односно дека се исплатени само 40 %. Зошто се создадени толкави долгови од 2014, префрлени во 2015? Каде отишле парите за субвенциите од 2014? И не само за минатата година, туку и за последните 5 години субвенциите не се во целост исплаќани во просек од 30%.
Од платежната агенција изјавуваат дека од ветените 140 милиони евра за 2014, до крајниот законски рок се исплатени 95% од субвенциите, а 5% се со непотполна документација. Се е во ред додека не се анализира колку пари се всушност тие 95% исплатени, бидејќи бројот на апликанти за добивање субвенции е опаднат од 93.000 на 70.000. Ова опаѓање се должи на загубената доверба во регуларната исплата на овие средства. Ако се искористени само 40-тина милиони евра, тогаш каде се 100 милиони евра? Можно ли е нашиот аграр да е толку уништен за да не може да апсорбира повеќе од 50 милиони евра, вклучувајќи ги и погрешните апликации за субвенционирање? , вели Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ.
Од
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој тврдат дека околу 95 отсто од субвенциите се исплатени, а останатите 5 отсто ќе се исплаќаат во следниот период бидејќи имале проблем со документацијата.Законскиот рок за исплата на субвенциите за ланската година заврши на 30-ти минатиот месец.
-За исплата се останати оние кај кои се прават дополнителни проверки на документацијата, поради несовпаѓање на пријавените површини со оние што се во регистрите, разлики по извршената контрола на терен или технички пречки што ги имаме во софтверот каде што одредени калкулации сеуште ги средуваме, но тоа е многу мал процент, не повеќе од 500 барања, изјави минатата недела директорката на АФПРЗ
Билјана Вуковиќ.
Земјоделците со различни информации за исплатата на субвенциите
На терен земјоделците располагаат со различни информации за исплатата на субвенциите. Дел се согласуваат со информациите на Платежната агенција.
-Најголем дел од субвенциите се исплатени, според нашите информации субвенции немаат земено земјоделците со неуредна докуменатација, оние кои чекаат дополнителни субвенции, како за органско производство, субвенции за малди фармери, жени фармери. Доцнат субвенциите за млеко за третата рата и тие кај кои што се спроведува контрола. Се случува да имаат дадено земјоделците погрешни податоци и тогаш се доцни со исплатата, вели
Ефтим Шаклев од Асоцијација на земјоделци.
Дел пак велат дека реализацијата на исплатата е многу помала од онаа што ја кажува Платежната агенција.
-Според информациите кои ние ги имаме реализацијата е околу 70 отсто. Сеуште има земјоделци кои не земале субвенции, а имаат уедна документација.Има случаи на земјоделци на апликацијата им е одобрена а пари се уште не земале.Исто така од изјавите на министерот за финансии
Зоран Ставрески, може да се заклучи дека процентот на реализација е многу помал. Така според објавените исплати од финансии на 1 ноевмри 2014 се исплатени 80 милиони денари, на 16 февруари 2015 се исплатени 396 милиони денари,на 23 февруари 2015 се исплатени 130 милиони денари,на 24 февруари 2015 година 31,7 милиони денари,на 4 март 2015 исплатени се 310 милиони денари, на 16 мај 2015 се исплатени 25 милиони евра тоа се за тутунарите и на 4 јуни 2015 исплатени се 80 милиони денари. Кога ќе се соберат овие сума се доаѓа до износ од околу 42,5 милиони евра, далеку помалку од планираното и тоа што се кажува како реализирано, вели
Ристо Велков, претседател на Регионалниот сојуз на синдикати на земјоделци.
Ако се анализираат податоците од завршните сметки на Буџетите на РМ во последниве четири години, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Нацрт-националната стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020 година, може да се забележи дека освен 2008 и 2009 година се што е планирано е исплатено, годините потоа нема 100 процентна реализација на исплатата на предвидените субвенции за земјоделство, односно милионските суми од 2010 година досега не можат во целост да се искористат. Лани субвенциите за земјоделството изнесуваа близу 140 милиони евра, а за годинава се предвидени, 150 милиони евра.
Трендот на пораст на субвенции позитивно го оцени
Светска банка во еден од последните извештаи за македонското земјоделство, но при тоа укажа дека постои несигурност во однос на времето на исплата на директните плаќања, што влијае врз намалување на ефектите што треба да произлезат од субвенциите.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: