05 Декември, 2025
0.0285

Нема „црна“ листа за фармерите кои ќе пријават повеќе земја за субвенции

Објавено во: Агробизнис 25 Март, 2016 10:45

Добивај вести на Viber

За земјоделците кај кои ќе се утврди помала површина земја или помалку добиток од пријавеното во барањето за субвенции, казните ќе бидат поблаги и нема да бидат на „црна“ листа. Ако претходно се казнуваа со 3 години забрана за исплата на финансиска поддршка, сега забраната е сведена на една година. Земјоделците кои од какви било причини во барањето за субвенции навеле поголем број добиток или површина, нема да се ставаат на „црната“ листа на Платежната агенција. Доколку по извршената контрола се утврди разлика меѓу пријавената во барањето на подносителот и фактичка состојба на теренот, земјоделското стопанство ќе се исклучи од директни плаќања само за тековната, а не и за наредните три години. Доколку неусогласеноста се повтори и во наредните пет години тогаш казната повторно се зголемува и земјоделецот нема да има право на исплата на субвенции за тековната и за наредните три години.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?