НЕМА ВЕЌЕ ЏАБОЛЕБАРЕЊЕ, КОЈ ОДБИВА РАБОТА - ОСТАНУВА БЕЗ СОЦИЈАЛНИ БЕНЕФИЦИИ: Германците ги заострија правилата, го укинуваат и месечниот бонус од 75 евра
Објавено во: Свет 14 Март, 2024
Бидејќи многу луѓе во Германија се на социјална помош, често се случува да одбијат работа, само за да добијат парична помош за сè уште неработење. Сепак, правилата се сменија, што значи дека на секој што ќе направи такво нешто ќе му биде ускратена оваа социјална помош.
- Кој ќе одбие работа, останува без социјални бенефиции. Штедење, нови даноци, закони и построги правила. Веќе на почетокот на годината Германија реши да покаже дека не се шегува. Ова исто така важи и за примателите на граѓански додаток. Агенциите за вработување треба да можат целосно да го укинат граѓанскиот додаток за невработени лица за најмногу два месеца, доколку оние кои го добиваат бенефитот упорно одбиваат да прифатат работа - се посочува на страницата на TikTok.
Дополнително, се наведува дека се укинува и бонусот од 75 евра месечно, кој се исплаќа со граѓанскиот надоместок. Овој бонус не беше наменет за стекнување на стручна квалификација.
- Дури 300.000 луѓе би биле погодени од ова. Во моментов во Германија социјална помош примаат 5,6 милиони луѓе, од кои 3,9 милиони се работоспособни – се заклучува во видеото.
@dnevnik.dijaspore ♬ original sound - Dnevnik Dijaspore
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.