22 Ноември, 2024
0.0297

НЕМА ВЕЌЕ СПОДЕЛУВАЊЕ ОДГОВОРИ НА ВИБЕР - државна матура ќе се полага во спортски сали или холови и со повеќе надгледувачи

Објавено во: Македонија 02 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Оваа учебна година државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата, како што се холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. 

Во нив ќе има повеќе тестатори, а поради оваа новина надлежните очекуваат да се создаде подобра контрола на случувањата во текот на испитот и да оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик.

Целта на новиот начин на реализирање на испитите  е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои постојат од воведувањето на државната матура во 2007 година (не е дозволено:  користење какви било дополнителни средства  - учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди,  консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и слично). 

- Очекуваме оваа промена да овозможи подобра работна атмосфера во текот на испитот и можност матурантите да го покажат своето објективно знаење, со што резултатите од матурата ќе бидат генерално поверодостојни - изјави Билјана Михајловска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој го организира и спроведува полагањето на државната матура. 

Работна група на ДИЦ, во која учествувале и претставници од Министерството за образование и наука, ги контактирала сите средни училишта и собрала податоци за нивните просторни услови и според нив  најголемиот дел од училиштата имаат доволно големи простории за своите ученици. 

- Само мал дел од училиштата немаат доволно простории и дел од матурантите од тие училишта ќе полагаат во најблиското училиште во кое има услови за полагање - додава Михајловска. 

За предлозите за воведување блокатори на сигнали на мобилни телефони, директорката на ДИЦ вели дека без оглед дали во испитната просторијата има или нема блокатор,  матурантите воопшто не смеат да користат електронски уреди во текот на испитот, така што блокаторите би го спречиле користењето на мобилните телефони за препишување и споделување информации во ситуација кога тестаторот не го забележал или го игнорирал прекршувањето на правилата.

- Државниот испитен центар смета дека би било добро да има блокатори, но, пред сѐ, очекува коректен однос и почитување на правилата - и од страна на матурантите, и од страна на тестаторите. Како институција не сме надлежни да ја донесеме одлуката за користење блокатори или да ги опремиме училиштата со таква опрема. Доколку се донесе таква одлука на повисоко ниво, секако дека ќе ја почитуваме и ќе направиме сѐ што е потребно за нејзино спроведување - изјави Михајловска. 

Двата екстерни испита од државната матура во јунската сесија оваа година ќе се полагаат на 1 јуни – задолжителниот испит (македонски јазик, албански јазик и турски јазик) и литература и на 8 јуни – изборниот испит (математика,  англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија и естетика). 

- Наставни предмети кои ќе се полагаат на екстерно и интерно ниво останува ист како и минатата година и покрај тоа што, за среќа, во оваа учебна година учениците не се соочуваа со проблеми од типот изгубени часови и онлајн-настава. И понатаму се во сила скратените испитни програми. За матурантите е особено важно да ги користат информациите и материјалите кои ги објавуваме на веб-страницата за државната матура (www.matura.gov.mk). Освен збирките задачи и прашања за државната матура, испитните програми и правилата за полагање, на веб-страницата матурантите може да најдат и дополнителни важни информации за структурата на испитите, упатства за подобри одговори на прашањата, како и примери на одговори со коментари и сугестии за подобрување на способноста пишување. Сите информации се огромна помош за матурантите и се направени со цел да им овозможат подобра подготовка, поголема самодоверба и релаксираност во текот на полагањето на испитите, вели директорката на ДИЦ. 

Посочува дека на веб-страницата за државната матура веќе се објавени збирки задачи и прашања за сите наставни предмети кои се полагаат на екстерните испити.

- Во збирките се содржани сите задачи и прашања кои биле употребени на државната матура во периодот 2016 – 2023 година. Имајќи предвид дека и оваа година матурантите ќе полагаат согласно скратените испитни програми, во збирките има и повеќе од доволно задачи за подготовка на матурантите за успешно полагање на испитите. Подрачјата и способностите кои се проверуваат се исти како и минатата година. На веб-страната е дадена листата на литературни дела за оваа година која е покуса во она што е дадено во испитната програма. Ако матурантите ги разгледаат задачите и прашањата од претходните години, ќе увидат дека видот на прашања е ист или сличен, се менуваат само нијанси, додава Михајловска.

За полагање на годинашната државна матура се пријавени 14 838 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 10 093 за албански јазик и литература, 4189 кандидати за турски јазик и литература. За вториот (изборен) екстерен испит пријавени се: 315 кандидати за математика, 13 199 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 104 за германски јазик, двајца кандидати за руски јазик, еден за филозофија и 84 за естетика. 

ДИЦ е сѐ уште  во комуникација со средните училишта за утврдување на конечниот број на матуранти што ќе полагаат и можни се, вели Михајловска, сосема мали, занемарливи промени до крајот на процесот на потврдување на конечните податоци од страна на училиштата. 

Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024. 

Фото и извор: МИА

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ГРАД СКОПЈЕ ЈА ПОЗДРАВИ ОДЛУКАТА НА ВЛАДАТА: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ДЕТЕТО ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Ученик давел соученик во Велес и му нанел тешки повреди

ПЕТРУШЕВСКИ ЗА АПАСИЕВ: Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови

ПЕТРУШЕВСКИ ЗА АПАСИЕВ: Не смее да се паѓа на провокации кои се единствена алатка на ограничени и нецивилизирани умови