17 Декември, 2025
0.0408

Нема време за Субрата Рој, мора брзо да го враќа долгот

Објавено во: Економија 26 Јули, 2013 08:16

Добивај вести на Viber

Индиските весници објавија дека Врховниот суд им упатил известувања на двете компании на Субрата, „Сахара Индија рил естејт корпорејшн“ и „Сахара хоузин инвестмент корпорејшен“, дека не ја испочитувале одлуката на судот, и не рефундирал 19.000 крори, или околу 3,5 милијарди долари на инвеститорите преку СЕБИ, пренесе Утрински Весник. „Мора да доставите дефинитивен одговор до вторник“, истакнале судиите К.С Радакришнан и Ј.С. Кехар, кои го одложија процесот за 30 јули по молба на компаниите. Според нив групацијата „Сахара“ нема да добие дополнително време, и нема да може повеќе да бара одлагање на постапката. Судиите ја донеле оваа одлука по молба поднесена од СЕБИ за непочитување на одлуката, според која, фирмите требале да ја исплатат целата сума кон инвеститорите. На последното рочиште на 17 јули Врховниот суд наведе дека првиот човек на групацијата Сахара, Субрата Рој и директорите на неговите две компании ќе треба да се појават пред него, ако не се испочитува одлуката. Инаку, Врховниот суд на 5 декември донесе одлука според која на фирмите на Субрата им определи период од девет недели за враќање на инвеститорите сума од 4,38 милиради долари, со 15 отсто камата. Судот, исто така, наведе дека СЕБИ може да ја сопре продажбата на имот и да ги замрзне банкарските сметки на компаниите ако тие не ја рефундираат утврдената сума на пари, пишува Утрински. Рој во Македонија најави низа инвестиции во земјоделието и хотелиерството.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас