НЕМААТ НОВ СЛУЧАЈ 28 ДЕНА: Црна Гора го победи вирусот
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 01 Јуни, 2020
Црна Гора речиси еден месец без ниту еден заразен со коронавирус.
Земјата 28 дена официјално нема регистрирано случаи на заразени со Ковид-19.
Институтот за јавно здравје соопшти дека од вчерашниот пресек анализирани се 86 примероци за коронавирусот.
„Бројот на активни случаи останува нула“, стои во соопштението.
Во Црна Гора од почетокот на епидемијата регистрирани се 324 случаи на заразени, се опоравија 315, а девет починаа.
Премиерот Душко Марковиќ на 25 мај објави дека не се регистрирани потврдени случаи.Црна Гора планира утре да се прогласи за ослободена од коронавирус според упатствата утврдени од Светската здравствена организација (СЗО).
Словенија го стори истото неодамна, но сепак подоцна пријави нови случаи.
Иако епидемијата во Словенија е прогласена за завршена, можноста за втор бран на заразата и понатаму е вистинска опасност, па на граѓаните им се препорачува секогаш и секаде да имаат маска при рака.
Регистрирани се 7 починати, и 89 нови позитивни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.