Немале бизнис план ни почетен капитал, но страста од хоби ја претвориле во заработка
Објавено во: Финансии 18 Септември, 2017 11:00
Двете сeстри, Јелена и Јасна Хајдуковиќ пред три години одлучиле да направат свој козметички бренд. Јасна во тоа време се породила,а фирмата за која работела го затворила претставништвото во Белград. Таа се занимава со дизјан и маркетинг. Јелена е медицински работник, козметичар.
Природно би било да ги здружат силите.
„Правењето“ креми до тогаш за нив било само хоби, а потоа станало бизнис. Прво отвориле свој салон за убавина, а потоа го создале “Sabi Handmade” – козметика на база непреработени билки и нерафинирани билни масла.
Пред три години одлучиле своите препарати да ги претворат во бренд. Фирмата ја основале во јануари 2015.
Сакале природна козметика направена врз база на природни состојки. Проблем биле високите цени на тие производи на пазарот. Она што од друга фаза било добро е фактот дека тој вид на козметика може на полиците да чека на купувачи а со години да не се расипе.
“Sabi Handmade козметиката потекна од љубовта кон природниот и едноставен пристап на нега на кожа. Во својот салон за убавина работевме конвенционални третмани за лице и тело. Користејќи ексклузивни и скапи производи ги видовме само резултатите но почуствувавме дека нешто недостига...едноставност! Негата на лице и тело не би требало да одзема ниту премногу време, ни премногу пари. Желбата да се создаде нешто од непреработени билки и чисто студени цедени билни масла, кои природата ни ги подари, се создаде во работа“, раскажуваат сестрите.
Тие велат дека немале бизнис план ниту пак почетен капитал. Се се одвивало полека и спонтано. За секоја нова идеја или зафат издвојувале пари од сопствениот буџет, во движење.

Јелена вели дека првиот принцип на нивниот бизнис е квалитет без компромис. Многу е важна и комуникацијата со купувачите.
„Најголем предизвик со кој се среќаваме е пронаоѓање на адекватни амбалажи во домашно производство, кое се вклопува во нашата визија на бренд а која се разликува од постоечките брендови на пазарот. Дополнителен проблем е што после повеќемесечна соработка произведувачот на амбалажите престанува да произведува одредена серија и сме принудени да го менуваме произведувачот или самиот изглед и дизајн на производ.
Во работата најмногу им недостига слободно време за креативност. Во иднина имаат цел производите да ги пласираат во малопродажни објекти ширум Србија, а не само во Белград и Нови Сад.
Сите кои тргнуваат по нивни чекори на приватен бизнис, сестрите Хајдуковиќ ги советуваат да не брзаат туку да одат чекор по чекор.
„Важно е да имате идеја и страст кон таа идеја. Тоа е првиот чекор. Да располагате со свое време и да ја изразувате својата креативност работејќи го она што го сакате е непроценливо“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави





