20 Декември, 2025
0.0976

НЕМАМЕ ВЕЌЕ ОТСУСТВА: Родители ќе носат деца во градинка, министерката бара СОНК да им ги надомести платите на штрајкувачите

Објавено во: Македонија 18 Април, 2022 07:18

Добивај вести на Viber

Се зголемува притисокот и врз воспитнообразовните установи откако СОНК и Владата не се договорија и штрајкот продолжува и денеска. На стартот на втората недела од прекинот на наставата и протестот во градинките, за денеска се најавува дека поголем број родители од некои скопски градинки ќе ги носат своите деца во градинка. Дали ќе бидат примени, како што и наложува законот и во услови на штрајк, останува да се види. Родителите во текот на викендот се организирале да ги однесат своите деца во воспитните центри затоа што не можеле да земаат отсуства од работа повеќе. Додека делумно и покрај поддршката, расте револтот и од родителите, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска синоќа на фејсбук напиша дека во штрајк СОНК треба да им ја надомести на наставниците платата.
Законот за работни односи кој го регулира правото на штрајк и надоместокот на плата за време на штрајк, како и Колективните договори кои СОНК ги има потпишано во образование и во детска заштита уредуваат дека за време на штрајк, на работниците кои штрајкуват работодавачот исплаќа придонеси на плата на најниската основица за исплата на придонеси, а нето плата може да им исплати организаторот на штрајк. Дали СОНК ќе ги надомести платите на наставниците, професорите воспитачите и негувателите, зошто Законот им дава таква можност? Или раководството на СОНК плата ќе си земат ама за членството ќе нема? Чланарина плаќа секој член, секој месец од плата има задршка за СОНК. Солидарно и праведно е сега кога штрајкуват, платата да им ја надомести организаторот на штрајкот, СОНК, напиша Тренчевска на фејсбук.
Претходно и во текот на двата дена од викендот родители се организираа и одлучија да ги носат децат аво градинка. Се создава притисок и кај тие кои имаат ученици во основните и средните училишта.
Колатерална штета се оние наставници/професори кои посветено и со љубов си ја работат работата. За нив не 18 отсто, за нив двојно треба. Знаете дека овие наставници без денар ги спремаат децата на натпревари, држат екстра часови, ги стимулираат да се вклучуваат во проекти… И на другата страна други, кои ни професија сакаат, ни деца. Зошто да се исто платени? Овие плати, се исплатуваат од буџет и не е тоа еднократно, туку и следна година и таа по неа. Од каде пари? Ќе се задолжиме пак и пак, прашуваат родители.

Не се согласуваат и со тоа часовите да се обработуваат по 10 јуни.
А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки