НЕМАШЕ МЛАДOЖЕНЕЦ И НЕВЕСТА: Пробна свадба се одржа во Загреб
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 16 Мај, 2021 10:14
Во хрватската престолнина Загреб вчера се одржа пробна свадба, при што првите „гости на свадбата“ полека се собираа пред свечената сала.
Почна вториот пилот проект на Националниот штаб за цивилна заштита и Независното здружение на угостители – пробна свадба со цел да докаже дека настаните и собирите се повторно безбедни за оние кои ги примиле двете дози на вакцината, се излечиле од коронавирусот или имаат негативен тест за ПЦР. Пред да влезат во салата, тие мора да се пријават на еден од трите шалтери. Првиот пулт е за вакцинираните, односно за оние кои примиле две дози вакцина, вториот за тестираните, оние кои направиле ПЦР тест во последните 24 часа и третиот за оние кои го прележале вирусот.
На оваа необична свадба немаше невеста и младоженец. Во четвртокот се одржа пилот вечера на која учествуваа 90 гости кои ги примиле двете дози на вакцина. Тие ќе бидат тестирани за една недела. Резултатите од пилот-проектот се очекува да влијаат на одлуките за епидемиолошки мерки во земјата. Во регионот полека се олабавуваат мерките.
foto freepik
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





