НЕМАШЕ СУДЕЊЕ ЗА РЕКЕТ: Рочиштето одложено поради коронавирусот во „Шутка“
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Април, 2020
Денешното рочиште за
случајот „Рекет“ беше одложено поради состојбата со коронавирусот во затворот
во Шуто Оризари. Имено, таму шест чувари се испратени во самоизолација бидејќи
биле во контакт со затвореникот кој почина од срцев удар, а чиј тест беше позитивен
на вирусот. Судењето ќе продолжи на 24 април.
Во затворот, каде во притвор е сместен Боки 13, се земаат и брисеви за тестирање на притворениците.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.