НЕМИРИ ВО БАНГЛАДЕШ: Девет лица живи запалени, меѓу нив две деца!
Објавено во: Свет 07 Февруари, 2015 11:20
Најманлку девет лица се запалени живи, меѓу нив и две деца, во Бангладеш кога опозиционите активисти фрлиле повеќе запаливи бомби на автобус и камион во два поедини случаи, соопштува денеска локалната полиција.
Автобусот е нападнат доцна синоќа во областа Гаибанда, на северот од земјата, на пат кон престолнината Дака. Во овој напад загинале шест лица, а 30 се повредени.
Другиот напад се случил рано утрово кога бомбите се фрлени на камион во јужната област Барисал. Загинале возачот и уште две лица.
Властите за нападите ги обвиниле опозиционите активисти, но опозиционата Националистичка партија на Бангладеш (БНП) тоа го отфрлила.
Овие напади се последни во бранот насилство од кога БНР повикала на блокада на сообраќајот во целата земја, потсетува АП.
БНП блокира патишта, железнички пруги и водотеци. Најавила дека ќе продолжи тоа да го прави се додека Владата не се повлече. Оваа партија повика од утре наутро на општ штрајк во траење од 72 часа.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




