Необележана Територија
Објавено во: Анализа 18 Декември, 2012 08:30
Она што најмногу ја плаши берзата (која патем речено е порасната за повеќе од 100% од дното и треба да поприлично благодарна на Бен) е тоа што експериментите на ФЕДот делуваат како лекови кои не се тестирани. Значи може и да се појават нус појави. Што ако инфлацијата почне да си го пробива патот а невработеноста остане над таргетното ниво. Дали тогаш ФЕДот ќе ги качи каматните стапки. Што тогаш ќе се случи со САД. Во таква ситуација ќе видиме поголема продажба на обврзниците и поголем нивни принос, што ќе значи неволја за сите оние што сакаат да земаат кредити. Притоа економијата останува на некое ниво на раст од 2-2,5% што не е доволно на долг рок да ја намали невработеноста. Токму поради овие причини ова е како што велат во САД необележана територија и сега сите одат и не знаат дали ќе начекаат минско поле или некоја зелена долина. Никој не може да предвиди со сигурност како ќе заврши целата приказна.
Во целава каша има можност за размислување на разни нови непроверени теории. Да се обидеме да дискутираме на една таква тема. САД се без дилема доста задолжена држава. Нивната најголема среќа е што светот засега верува во нивната хартија која ја нарекуваат долар. Така да, се додека некој ви ги купува доларите од надвор вие може да си ги финасирате вашите потреби и притоа да не се секирате премногу за инфлацијата. Па така, во тој случај ниту дефицитот не е толку страшен. Кинезите земаат на пример многу мали плати, прават ефтини производи, ги продаваат во Америка, Америка за да им плати си издава обврзници кои најмногу ги купуваат Кинезите, кои продолжуваат да ги продаваат нивните производи и така во круг. Поради валутните војни може да го имаат истиот ефект како нуклеарките. Ете да речеме доколку Русија реши да истрела нуклеарка на САД, овие нема да останат покуси и така светот ќе отиде во....Па така и со односот Кина – САД. Доколку Кина сака да ги продаде нејзините 1,1 трилион долари американски хартии, најверојатно ќе го збрише доларот од светската мапа, но парарелно со тоа ќе си ја запечати и нејзината судбина. Значи интересите на овие две земји се тесно поврзани и тешко е да се поверува дека ќе дојде до така брза валутна транзиција. Иако е за очекување дека монетарниот свет во иднина да почне да се менува. Доколку ја гледаме историјата ќе забележиме дека на 50-60 години се случува некаква промена. Веројатно некоја нова кошничка на валути би го заменила доларот како резрвна валута (ова делува како можно сценарио, бидејќи многу е тешко да очекуваме дека доларот ќе го замени веднаш некој друг долар). Значи ФЕДот пресметливо печати пари бидејќи веројатно очекува дека сеуште има доволна побарувачка за американски хартии.
Од друга страна како што напишавме погоре ФЕДот (кој патем е приватна банка) има портфолио кое ќе тежи 4 трилиони долари секакви хартии. Тие четири трилиони долари САД ги должат кон ФЕДот или делумно кон самите себе. Многу правилно оние кои подржуваат теории на заговор велат дека главна цел на да ги наречеме масоните била да се контролираат парите. Со контролата на парите добивате комплетна контрола на земјата. Апсолутно нема никаква потреба од насилни средства, сосема доволно е да ги контролирате парите. А во ФЕДот имаат комплетна контрола. Значи како функционира системот – Министерството за финасии издава хартии од вредност кои ги купува ФЕДот со пари од воздух. Со бројки кои се впишуваат во билансите, бидејќи ФЕДот има дозвола да го прави тоа (доколку секој печати пари ќе настане анархија). Така се пумпаат пари во системот економијата живнува и кога ќе дојде време каматите се покачуваат и парите се извлекуваат во системот. Факт е дека сега сме во време на пумпање пари.
Еве да поставиме една нова теорија. Што ако ФЕДот рече дека брише 2 трилиони од тие 4 што ги има во билансот. Со едно копче на тастатура. Да каже не ми требаат не ми ги враќајте парите. Тие се создадени од воздух и одат во воздух. САД ќе го реши проблемот со задолжувањето, парите ќе предизвикаат некоја инфлација но сето тоа може да оди контролирано и економијата ќе има огромен простор да дише и да се рестартира. Тоа можеби делува сега како научна фантастика, но на почеток на кризата никој не ни верува дека на Грците така лесно ќе им го отпишат времето.
Колку фантазија има Бен ќе видиме во Новата Година.
Милан Димитриоски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





