16 Декември, 2025
0.0737

НЕОБЈАСНИВО: Уште една мистерија со авион Боинг 777!

Објавено во: Свет 13 Јули, 2014 11:43

Добивај вести на Viber

Авион Боинг 777 на американската авиокомпанија Јунајтед Ерлајнс со 335 патници и 12 членови на екипажот, кој летал на линијата Хонолулу-Гуам, во петокот под прилично мистериозни околности бил принуден да слета на еден од најзафрлените острови на светот. Авионот среде ноќ се приземјил на коралниот остров Мидвеј, кој се наоѓа буквално на половина пат меѓу Северна Америка и Азија. Има површина од само шест километри квадратни, на него живеат помалку од 100 луѓе, а познат е како локација на една од најголемите американско-јапонски битки во Втората светска војна. За среќа на патниците и екипажот на Боингот, на островот има и аеродром, кој во текот на Студената војна се користел како воена база, а денес примарно како писта за вонредни слетувања. Официјалната причина за непланираното слетување на авионот е „механички дефект“, но патниците сведочат дека чудни работи со леталото започнале да се случуваат уште пред полетувањето од Хаваи. Полетувањето многу доцнело затоа што механичарите се обидувале да поправат некој дефект, заради кој во пилотската кабина се појавил чуден мирис. Тоа траело исклучително долго, па дел од патниците, иако биле сместени во авионот си ги собрале работите и одлучиле да не патуваат. Со оглед на настаните подоцна, веројатно и другите посакале да го направеле истото. Авионот конечно полетал, но по три часа нормален лет, преку разглас се јавил пилотот за да ги извести патниците дека има чад во пилотската кабина, дека паднал радарскиот систем и дека уште некои компоненти на авионот започнале да откажуваат. Авионот започнал да губи висина и за една секунда потонал неколку десетици метри. „Воопшто немаше сомнение, сите бевме уверени дека ќе се урнеме“, изјавила една од патничките Тереса Смит. Сепак пилотот успеал да го спушти авионот на островот Мидвеј, каде што жителите ги пречекале, ги сместиле во спортската сала и им донеле малку храна. Неколку часа подоцна на зафрлениот остров стигнал нов авион, кој патниците ги префрлил до Гуам. Што точно откажало на авионот на Јунајтед Ерлајнс од авиокомпанијата засега не сакаат да коментираат. Инаку Боинг 777 се смета за еден од најсигурните авиони и досега имал релативно мал број несреќи. Забележани се две урнувања на овој тип на летало - во 2008 година на самата писта на лондонскиот аеродром Хитроу кога во несреќата немаше жртви, а во падот на Азијан Ерлајнс во Сан Франциско во 2013 година загинаа три лица. Сепак, најпознатиот инцидент со овој тип на авион е мистериозното исчезнување на Боингот 777 на Малезија Ерлајнс, што се случи на 8 март годинава. По неколкумесечна потрага авионот уште се води за исчезнат, а меѓу многуте теории кои се споменуваат има и такви кои не ја исклучуваат можноста тој да се спуштил на зафрлен остров во Индискиот океан.

Можеби ќе ве интересира

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“