НЕОДАМНА ГИ РАЗРЕШИ ОД ФУНКЦИЈА, СЕГА БАРА НИВНА ЗАМЕНА: еве ги условите на Владата за нови државни правобранители за Скопје и Струга
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2024
По неодманешната одлука да ги разреши досегашните државни правобранители во Скопје и Струга, Владата сега преку оглас бара кандидати кои ќе се нафатат да работат на позицијата државен правобранител во главниот град и во Струга.
Како што може да се види на веб страната на Владата на Република Македонија веќе се објавени два огласи со кои се бараат кандидати кои би биле заинтересирани да работат на овие позиции. Огласите се отворени скоро до крајот на месецов, поточно до 29 јануари, до кога заинтересираните лица можат да испратат свои податоци за да конкурираат на огласите.
Притоа Владата дефинирала дека со едниот оглас ќе именува еден правобранител на териоторијата на Скопје, по претходно мислење од државниот правобранител, без ограничување на мандатот. Ова ќе важи и за кандидатот кој ќе ја добие позицијата во Струга.
Лицата кои сакаат да конкурираат, мора да се државјани на Македонија, да се правници со диплома и да имаат петгодишно искуство и положен правосуден испит. Се бара и да имаат углед во вршењето на досегашната функција.
Утврдиле дека оваа позиција не може да се врши паралелно со вршење на друга јавна функција, ниту пак друга професија.
Покрај доказ за завршено соодветно обрзование, и доказ дека имаат работно искуство, заедно со другите документи, кандидатите треба да достават и доказ дека уживаат углед за вршење на функцијата.
Платата на идните правобранители не е објавена, за неа Владата напишала дека коефициентот е согласно одлуката за пресметка на платите.
Како што веќе е познато во јавноста, Владата на 9 јануари ги разреши двајцата правобранители за Скопје и Струга, Јане Јануловски и Мирко Вељановски. Kако што беше пренесено во медимите беа тргнати на предлог на новиот државен правобранител Аргон Речи, а низ медиумите беше објавено дека како причина било наведено нестручно и несовесно работење.
Но, и оваа одлука не помина без таласање, ако се има предвид дека Речи, бил одбиен од Националанта агенција за безбедност за поседување безбедносен сертификат за доверливи информации. Познавачите велат дека и тој, поради овој факт, е несоодветен за позицијата државен правобранител, позиција со која раководи од април 2023 година.
Објавата на веб страната на оваа институција, открива дека сегашниот главен правобранител правосуден испит положил пред неполни десет години, поточно во февруари 2014 година, и има 11 години работно искуство. Од 10 ноември 2020 година станал правобранител за подрачјето на Охрид, а од лани Државен правобранител на Македонија.
П.О.Фото: Tingey Injury Law Firm on Unsplash
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.