Неопходни зе низа мерки за поголема искористеност на ИПАРД фондовите
Објавено во: Економија 18 Јули, 2013 15:25
Фатмир Бесими, Вицепремиерот за европски прашања при посетата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, најави интензивна координација на високо ниво со цел надминување или подобрување на констатираните предизвици во овој сегмент.
За поголема искористеност на европските средства, вицепремиерот смета дека се неопходни низа системски и оперативни мерки, поголема транспарентност, визибилност и комуникација околу проектите и аплицирањето, како и поголема промоција на активностите во оваа насока. Потребна е и поголема координација, директна вклученост на министрите, нивните заменици и државните секретари.
“Целта е да ги подготвиме администрацијата, институциите, стопанството и корисниците за европските фондови кои во иднина, со нашето членство во ЕУ, ќе бидат значајна поддршка за економскиот и развојот на земјоделството. Од почетокот, кога е дефинирана ИПАРД Програмата, се определивме за инвестирање во сопствените капацитети. Тука има значителен прогрес“, истакна Бесими.
Агенцијата предвидува дека последниот, осми ИПАРД оглас, ќе биде поуспешен од досегашните седум зашто во него се имплеменитрани измените, подобрувањата на програмата. Како што нагласи директорот Димовски, значајна новина е постепеното достигнување на европските стандарди во период од три години по извршувањето на последната исплата што досега не беше случај.
Со банкарскиот сектор кој е клучен за обезбедувањето финансиски средства, соработката е интензива. Има и нови аранжамани во делот на осигурувањето на банките при пласманот на средства во ИПАРД инвестиции.
Можеби ќе ве интересира
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар




