Непал ќе загуби најмалку 20% од својот БДП поради земјотресот
Објавено во: Свет 27 Април, 2015 14:08
Загубите за економијата на Непал како последица на катастрофалниот земјотрес можат да достигнат 5 млиони долара или околу 20 отсто од БДП на оваа мала држава. Тоа го пренесе „CNN“, повикувајќи се на истражувањето на аналитическа компанија.
Разурнувањата се толку големи, поради нискиот квалитет на градежништвото во земјата и тие сигурно ќе имаат потреба од меѓународна помош. Геолошки служба на САД ја одредува големината на нанесените материјални штети помеѓу 1 и 10 милијарди долари.
Во меѓувреме медицинските власти во Непал изјавија дека стравуваат од можноста во земјата да избувнат епидемии. Во болниците нема доволно места, а водата за пиење и храната не се доволни за илјадниците сиромашни луѓе.
„Луѓето лежат на земјата, а до нив има отпад. Тие немаат пристап до медицински маски и тоа може да доведе до заразни болести“, изјавил еден локален лекар.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




