24 Ноември, 2024
0.0337

НЕПАЛЦИТЕ БЕГААТ ОД МАКЕДОНИЈА: Дали Хрватска и Грција се попримамливи за нив?

Објавено во: Економија 29 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Откако имаше повеќе случаи каде работници од Непал избегаа од земјава, ги прашавме Непалците која е платата за која се нафаќаат да работат во странство, на што одговараат дека се спремни да работат напорно, но очекуваат месечно да заработат над 1.000 или 1.500 евра. За нив Македонија не е предизвик, туку целта им е да отидат во некоја од развиените европски земји, каде ќе заработат повеќе, а нивните семејства ќе бидат покомотни. Велат дека ако одат на печалба во странство, сакаат тоа да се исплати и да почувствуваат промени.

„Непалците ќе бидат задоволни ако платата им е над 1.500 евра за еден месец. Основната плата во Хрватска е 840 евра. Тие пари се за основните работни часови, но ако стигнат до 12 часа работа, земаат повеќе. Непалците одат во Хрватска затоа што добиваат од 1.200 до 1.500 евра. Непалците не остануваат многу во Хрватска. Не се задоволни од платата во Хрватска, односно Непалците одат во земји како Франција, Германија, Белгија, Португалија, Полска, Грција. Тие одат таму и работат напорно, сакаат да ја градат својата иднина, издржувајќи го своето семејство. Moи пријатели отидоа во Хрватска, но повеќе не се таму и заминаа во подобри земји со повисока заработка. Хрватска не е баш добра. Оттаму луѓето одат во земји со подобри приходи. Луѓето си одат од Непал за да можат побрзо да заработат. Јас сега сум во ОАЕ, но оттука заминувам во европска земја“, вели Југен Лама од Катманду.

Суман Упрети кој живее во истиот град во Непал, смета дека македонските плати не се примамливи.

„Добро би било за Непалците да заработат 1.000 евра месечно“, додава тој.

Во Скопје, Прилеп, Пехчево, Свети Николе изминативе месеци имаше пријави дека работници од Непал исчезнале.

„Пред да дојдат, тие знаат за која плата ќе работат и таа е повисока од онаа во нивната земја. Но, нив ова им е отскочна даска за да заминат во Хрватска или Грција“, велат од компанија од каде побегнаа работници.

Од една македонска компанија ни потврдија дека работниците кои избегаа од земјава, на социјалните мрежи објавиле фотографии од кои се гледа дека се заминати во регионот да работат на море. Meѓу работниците кои избегаа имаше лица на возраст од 27 до 38 години. Ангажирани беа во текстилот, но и во други сектори. Хрватските медиуми уште во 2022 година пишувале дека непалските работници доаѓаат кај нив, но дел од нив експресно бегаат во други држави. Според пишувањето на босанските медиуми, Непалци работат и во Босна и Херцеговина(БиХ). Деновиве од Скопје избегаа и работници од Бангладеш. Инаку, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) пред неколку години, Непал беше меѓу 30-те најсиромашни држави во светот.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА