19 Мај, 2024
0.0254

НЕПОБЕДЛИВИ ИЛИ СЕПАК НЕ: Каква е иднината на еврото?

Објавено во: Балкан 07 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Уште во изјавата од 2012 година претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги изјави дека "еврото е непобедливо", ветувајќи долен праг на единствената валута, акциите и хартии од вредност. Три години подоцна сепак тоа ветување е ставено под сомнение коментира CNBC. По две вртоглави и драматични недели шансите Грција да ја напушти еврозоната се уште поголеми, поставувајќи ја со тоа заедничката валута под нов притисок. Кога зборуваме за иднината на еврото, има две клучни прашања: дали Грција навистина ќе ја напушти "непобедливата" заедничка валута и ако тоа се случи, како ќе се одрази тоа врз вредноста и одржливост на еврото. Според повеќето економисти на референдумот во врска со предлогот на доверителите гласањето на грчкото население всушност требаше да одлучи дали земјата да остане дел од еврозоната. ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ВО ЕВРО ЗОНАТА! РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ ОВДЕ ЗЕМЕТЕ 50 ЕВРА И ТРГУВАЈТЕ СО ПРЕКУ 40 ВАЛУТНИ ПАРОВИ НА СВЕТСКАТА БЕРЗА! Според економистите на Citigroup ситуацијата допрва ќе се влошува: Грција не успеа да го плати придонесот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) минатиот вторник и ќе се соочи со дополнителни ограничувања од ЕЦБ за пристап до итната нејзина ликвидна поддршка. На крајот на краиштата земјата ќе биде принудена да воведе построга контрола на капиталот. Негативниот глас на референдумот веројатно ќе го забележи првиот чекор кон отфрлање на еврото, бидејќи "нема индикации дека Тројката е подготвена да и обезбеди на Грција подобар договор", велат економистите од Societe Generale. Многу аналитичари во моментов го споредуваат Grexit со "моментот Lehman" во Европа, потсетувајќи на банкрот на историската банка од Wall Street, чиј колапс стана катализатор на финансиската епидемија во 2008 година. Излегувањето на Грција од еврозоната ќе предизвика опасен преседан, покажувајќи дека европското членство е всушност соборливо и на тој начин ќе го зголеми ризикот од излез на други послаби членки како Шпанија и Италија. Стравувањата за "зараза" можат да ги зголемуваат и трошоците за задолжување во земјите од периферијата. "Исклучително важно ќе е ако ефектите на заразата врз периферните пазари се значителни", коментира Јенс Нордвиг, управен директор на одделот за девизни истражувања во Nomura. Како тој, така и други економисти и стратези сепак останува оптимист дека кризата нема да излезе надвор од контрола. "Клучниот момент овде е дека политичката ситуација во остатокот од периферијата е радикално поинаква од онаа во Грција", вели Нордвиг. Тој додава дека затоа и механизмите на европските институции ќе продолжат да работат како ефикасна превентивна мерка за други ранливи земји, ако политичка зараза биде избегната. ЕЦБ докажала дека успешно успева да се справи со кризи и има механизми со кои да ги смирува пазарите, купување хартии од вредност преку квантитативно олеснување, вербална интервенција и други програми за ликвидност, како долгорочни рефинансирачки операции (LTROs). Во неделата централната банка соопшти дека Управниот совет ја следи внимателно ситуацијата на финансиските пазари и е решен да ги искористи сите можни инструменти во рамките на својот мандат. Wall Street очигледно исто така смета дека европските власти имаат доволно механизми со кои да ја спречат паниката. "Од практична гледна точка, додека ЕЦБ користи квантитативно олеснување, штетата на пазарите на суверените можат да бидат дефинирани", изјави Ерик Нилсен, главен глобален економист кон Unicredit, додавајќи дека ако овој механизам сепак запре, постои и можноста за откриени готовински трансакции (OMT). "Тоа е криза, која во основата е предизвикана од грчката влада", изјави уште Нилсен. Според него, ако Грција ја напушти еврозоната, тоа ќе биде одлука донесена од нацијата и не значи дека Европа ја исфрлила земјата од монетарната унија. На краток рок може да има период на несигурност, кој ќе му натежне на еврото, како што веќе стана јасно во Азија, каде единствената валута падна за повеќе од цент. "Наша основна линија е првично движење кон нивоа од 1,10. Но нема да има големи движења потоа, а може да има и пресврт, ако ефектите од заразата се покажат контролирани без непотребна интервенција од ЕЦБ по меката вербална интервенција од неделата ", изјави Нордвиг. На крајот сепак Wall Street смета дека политичката посветеност кон заедничката валута заедно со поддршка на решавачката централна банка ќе го отворат патот кон посилна и обединета евра - со или без Грција. Обработка: К.К. Извор: CNBC

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс