Непознати дронови ги набљудувале српските касарни
Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2022 19:42
Непознати дронови ги набљудувале позициите на српската војска.
На подрачјето на Мердар и во околината на Рашка забележани се непознати дронови што ги набљудуваат касарните и позициите на војската на Србија, неофицијално објави РТС.
Српскиот претседател и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ наредил да се уништат сите непријателски беспилотни летала на територијата на централна Србија. Српските „миг-29“ полетале во акција на набљудување и евентуален напад врз непријателските летала. Набљудуваните објекти го напуштиле воздушниот простор на централна Србија, а доколку не го стореле тоа, ќе биле уништени, бидејќи врховниот командант издал наредба за итно дејствување со противвоздушно оружје, објави РТС.
Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека по наредба на претседателот Александар Вучиќ, војската на Србија е во состојба на готовност и дека е подигнато нивото на борбена готовност поради ситуацијата на Косово. Тој во гостувањето на телевизијата Хепи изјави дека Србија е сериозна земја и затоа никој не треба да игра „воени игри“.foto EPA
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




