16 Јуни, 2025
0.0328

„Нептун“ го носи „Miele“ на македонскиот пазар - Премиум апарати, модерна естетика и долгорочна употреба

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2025 08:00

Добивај вести на Viber

Премиум германскиот бренд „Mieleза апарати за домаќинство, конечно е достапен и на македонскиот пазар, а ќе биде дел од ексклузивната понуда на синџирот на „Нептун“. Ние имавме ексклузивна можност да разговаравме со Гоце Боцески, директор на „Нептун“ и Танос Кириазис, извршен директор на Miele Cluster Adria Aegean, кои откриваат многу детали за оваа соработка, што ги прави овие производи посебни, кои квалитети најмногу се истакнуваат и каква ќе биде корисничката поддршка.

Вредностите на „Miele“ се неверојатниот квалитет и наследство, во комбинација со желбата за брза еволуција, вели Боцески. Апаратите денес не се само алатки, туку се дел од целокупната естетика на домот, дополнува Кириазис.

Гоце Боцески, директор на „Нептун“

Што значи влегувањето на „Mieleна македонскиот пазар за „Нептун“како овластен дистрибутер? Како дојде до оваа соработка?

Боцески: Соработката на „Miele” со „Нептун“ како официјален партнер на македонскиот пазар претставува стратешки и престижен чекор за двата бренда, но особено за „Нептун“, кој со тоа го подигнува своето позиционирање на ново ниво. „Miele“ е синоним за квалитет повеќе од еден век и не следи трендови, туку поставува стандарди. Купувачите го перципираат како сигурен, постојан и со висок интегритет. Ова создава доверба и лојалност, која во денешно време не може лесно да се купи. Во таа смисла сме навистина горди и возбудени што може да ја пренесеме успешната историја на „Miele“ на нашите потрошувачи, радувајќи се на неверојатно возбудливата иднина. Вредностите на „Miele“ се неверојатниот квалитет и наследство, во комбинација со желбата за брза еволуција, токму како и „Нептун“ кој е препознаен по добро докажаната способност постојано да се менува и редефинира, за да ги исполни целите и да создаде врвно задоволство кај купувачите.

Танос Кириазис, извршен директор на Miele Cluster Adria Aegean

Како производите на „Miele“ се вклопуваат во новите технолошки трендови, кои се клучните придобивки за корисниците?

Кириазис: „Miele“ постојано еволуира за да ги задоволи очекувањата на современите корисници не само со следење на трендовите, туку и со поставување стандарди. Нашиот пристап кон технологијата секогаш е со една цел: таа мора да го подобри корисничкото искуство, а не да го комплицира. Горди сме што честопати сме први на пазарот со револуционерните иновации. На пример, нашите нови правосмукалки „Guard“ нудат филтрација до 99,999%, придонесувајќи за поздрава домашна средина. Во негата на алиштата, „Miele“ штотуку ја претстави првата машина за перење алишта со барабан без ребра во светот од серијата „Nova“, кој не само што дава супериорирни резултати туку и ги третира ткаенините со исклучителна нежност. Иновации како овие ја одразуваат нашата основна филозофија: технологија што работи за вас – што го подобрува искуството, заштедува време и испорачува врвни резултати секој ден.

Бескомпромисни германски стандарди

Што го прави уникатен „Miele“,луксузниот бренд за премиум апарати за домаќинство, и како се одвојува од конкуренцијата?

Боцески: Токму така, „Miele“ е уникатен и препознатлив премиум бренд на функционални и модерни производитенаправени да траат со децении, што ретко кој бренд го гарантира во денешно време. Над 90% од компонентите на „Miele“ апаратите се произведуваат во сопствени фабрики во Германија. Ова обезбедува целосна контрола на квалитетот, што е суштинско за бренд кој сака да гарантира беспрекорен стандард. Други премиум брендови често користат делови произведени или склопени во трети земји. Дополнително, „Miele“ постојано инвестира во истражување и развој, нудејќи интелигентни решенија како автоматски дозирања, сензори за економичност, индукциска технологија од нова генерација, паметно поврзување со апликации и многу друго. Технологијата што „Miele“ ја користи не е само напредна, туку и интуитивна, што ја прави корисна, но не и комплицирана. Со минималистички,беспрекорен дизајн и избор на луксузни детали, „Miele“ е прв избор и за дизајн ентузијасти и архитекти. Идентитетот на овие производи не е само уникатен, тој е и функционален, ергономски и долготраен.

И најпосле, „Immer Besser” или „Секогаш подобро“ не е само слоган или мото што се проткајува во секој производ, тој е корпоративна мантра и религија. „Miele“ е љубов што трае цел живот и затоа не ретко ќе ја слушнете и фразата; Еднаш „Miele“ - засекогаш „Miele“.

„Miele“ ветува долгорочна употреба на домашните апарати, со траење од најмалку 20 години. Како се постигнува и одржува ова ниво на квалитет, земајќи ги предвид современите потреби на корисниците?

Кириазис: Во „Miele“, квалитетот не е маркетиншко тврдење - тоа е инженерски стандард. Сите наши апарати се тестирани да траат најмалку 20 години со просечна употреба и во реални услови. Тоа значи десетици илјади циклуси, отворања на врати и програми за перење, сите извршени во нашите внатрешни лаборатории за да се обезбеди издржливост. Но, не станува збор само за долговечност, туку и за тоа да останат релевантни со текот на времето. Затоа дизајнираме производи кои се безвременски по форма и напредни по функција, со карактеристики кои го поддржуваат современиот живот, еволуирачките стандарди за одржливост и променливите навики на живот. Оваа долгорочна перспектива е она што го издвојува „Miele“: помалку компромиси, помалку замени и трајно искуство на доверба и перформанси.

Лесни за употреба, навремена корисничка поддршка

Од аспект на интересот на купувачите за овој премиум бренд како може „Нептун“да одговори за обезбедување на потребните информации за производите, нивните спецификации и најдобра употреба?

Боцески: Дел од нашите потрошувачи сè уште не се доволно запознаени со целото портфолио на производи на „Miele“ и во овој контекст гледаме простор за исчекор, имајќи го предвид огромниот пазарен потенцијал, но и свеста за овој бренд која расте екстремно брзо. Извонредно е да се види дека потрошувачите, но и вработените го вреднуваат „Miele“ на посебен начин и ја препознаваат неговата исклучителност.

Важен фактор што придонесува е и мотивацијата на вработените да го дадат својот максимум во овозможување на врвно шопинг искуство, темелни знаења за брендот и производите, нивната функционалност, карактеристики и можности. Освен нашиот професионален и обучен персонал, кој нуди стручна помош при избор на производ, дополнително тука е и мобилната апликација, како и веб-страната на која купувачите може да се информираат за техничката спецификација на производите и да ги споредуваат според класа, цена и перформанси.

Колку се лесни за користење производите на „Miele“? Дали се лесни за одржување и како се сервисираат доколку е потребно?

Кириазис: Производите на „Miele“ се дизајнирани земајќи го во предвид корисникот, од првата интеракција до годините на секојдневна употреба на производот. Нашите интерфејси се многу интуитивни, што го олеснува ракувањето дури и со најнапредните апарати без потреба од прирачник. Без разлика дали станува збор за поставување на програма за перење или користење на автоматските функции на рерната, едноставноста е вградена. Во однос на одржувањето, „Miele“ користи висококвалитетни материјали и паметен дизајн за да ги минимизира проблемите. Многу апарати имаат системи за самочистење или известувања за одржување, а сè е изградено за лесен пристап и нега. И доколку некогаш е потребен сервис, „Miele“ стои зад своите производи со овластен сервис обезбеден од „Нептун Сервис Македонија“, оригинални резервни делови и стручни техничари - сите работат за да се осигурат дека вашиот апарат ќе продолжи да работи најдобро, дури и по многу години употреба.

Фокус на иновации и естетика за модерните корисници

Како додавањето на производите од „Mieleво понудата на „Нептун“ќе влијаат за привлекување нови корисници?

Боцески: „Miele“ е бренд кој со децении поставува технолошки и квалитетни стандарди. Неговото мото „Immer besser“ или „Засекогаш подобро“ и нас како негов официјален партнер нè задолжува да ја живееме и отелотвориме истата визија. Постојаното подобрување и стремежот секогаш да понудиме нешто подобро, поквалитетно, посмело на нашите купувачи, нè оснажува да се движиме напред секоја година, што јасно ја одразува нашата заложба да направиме сè што е потребно за да бидеме „Засекогаш подобри“ од опкружувањето, од конкуренцијата, но и од самите себе.

За мене лично, имајќи го „Miele“ во нашето портфолио значи дека се оди чекор подалеку од она што нашите купувачи веќе го очекуваат, и не само во однос на квалитетот на апаратите за домаќинство, туку и во однос на квалитетот на беспрекорниот сервис, поддршка при купување и избор, но и сите други услуги и конвергирани решенија.

Современите корисници сè повеќе обрнуваат внимание и на практичните и на естетските детали што го сочинуваат домот. Како „Miele“ се вклопува во модерниот дизајн и дизајнот на ентериер и какви избори нуди?

Кириазис: Во „Miele“, разбираме дека апаратите денес не се само алатки, туку се дел од целокупната естетика на домот. Поради тоа дизајнот е составен дел од нашиот процес на развој, а не дополнителна мисла. Нудиме низа дизајнерски линии и завршни обработки што одговараат на различни стилови на ентериер, од чистиот минимализам на „ArtLine“, до безвременската елеганција на „PureLine“, колекциите „Black Line“ и иновативните тонови на „Graphite Grey“ и „Pearl Beige“. Секој детаљ е внимателно изработен: од дизајни без рачки до беспрекорна интеграција и инсталација во рамна површина.

Оваа посветеност на дизајнерската извонредност продолжува да се препознава. Само во 2025 година, „Miele“ доби 14 iF Design Awards, избрани од над 11.000 пријави ширум светот. Меѓу наградените производи беа серијата за перење алишта „Nova Edition“, новите правосмукалки „Guard“, претстојните модели за ладење „MasterCool“ и нашите дискретни аспиратори. Сето ова е доказ за фокусот на иновациите и естетиката. За нас, дизајнот не е само изглед. Станува збор за создавање хармонија помеѓу формата и функцијата. Без разлика дали правите нова кујна или го надградувате вашиот простор, „Miele“ нуди флексибилност, префинетост и перформанси што модерните ентериери ги заслужуваат.

Х. С.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дваесет и две лица побарале помош од МНР за да го напуштат Израел

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ПРОПУСТИ ГО ЗАГРОЗИЛЕ ЖИВОТОТ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против 5 лица и едно друштво

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

ШВАЈЦАРЕЦ ПРИЈАВИЛ ИЗМАМА: Taксист го возел од Водно до Центар и му наплатил 7.800 денари

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

АКО СТЕ ВО ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ И ВИ ТРЕБА ПОМОШ: Oва се телефоните на кои можете да се обратите

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!

МИЦКОСКИ ЗА ЛОКАЛНИТЕ: Можно е СДСМ да остане без ниедна општина!