Несреќа во Куманово, загина полициски службеник

Објавено во: Македонија 21 Април, 2019
Полициски службеник загина, друг кандидат за полициски службеник е тешко повреден, а повредени се уште две лица во Куманово, откако во нив удрил 40-годишниот С.Ј, соопшти денеска СВР Куманово.
Според полицијата, 45 минути по полноќ на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со наелба Ајдучка Чешма, патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. (40), удрило во 37- годишниот В.Ц., полициски службеник, и во 25-годишниот А.М., кандидат за полициски службеник, кои биле на службена должност. В.Ц. починал на местото на настанот, а А.М. со тешки телесни повреди е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
С.Ј. со возилото „мерцедес“ избегал од местото на настанот, по што на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на хотел „Сателит“ удрил во патничко моторно возило „шкода“ со кумановски регистерски ознаки, управувано од Н.П. (34). Возачот на возилото „Шкода“ и сопатникот Д.Ј. (42) се здобиле со тешки телесни повреди, а А.Ј. (52) со телсени повреди, при што Д.Ј. е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите повредени се пренесени во болницата во Куманово.
С.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, а против него во текот на денот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Можеби ќе ве интересира
Утврдена делегацијата за Стратешкиот дијалог со САД

Го претепале својот дедо и му го оштетиле автомобилот

Момче вознемируваше лама во битолската зоолошка градина

ВМРО-ДПМНЕ повика граѓаните на 18 јуни да излезат на улица затоа што Македонија доживува пораз на секое поле

Пендаровски: Ја поддржувам одлуката на Шведска за влез во НАТО

ВО ЧЕТВРТОК ВО БЕЛГРАД ЗАЕДНИЧКА ЛИТУРГИЈА НА МПЦ И СПЦ - патријархот Порфириј ги повикува верниците да присуствуваат во што поголем број

Има 83 заразени со коронавирусот и двајца починати

Истрага за градоначалникот на Петровец: Исплатил половина милион евра на фирми на брат му за фиктивни услуги

КАКВИ МОНСТРУМИ - за пари му дозволиле на Белгиец да ја силува нивната 13 годишна ќерка - ХОРОРОТ ТРАЕЛ ДОЛГО, СЕ ДО ВЧЕРА
