НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ: УМХР најави невреме-кои региони ќе бидат на удар?
Објавено во: Македонија 14 Август, 2018
Краткотрајно невреме проследено со силен ветар, пороен дожд, грмежи . Вака изгледа прогнозата на УМХР за попладнево.
Според прогнозата најголеми шанси за нестабилно време се прогнозираат во источниот регион.
Слично нестабилно време се предвидува и за среда и четврток, кога поинтензивни процеси се најавуваат за западните и југозападните делови од Македонија.
Мала стабилизиција на ова нестабилно време се очекува во петок и сабота, додека потоа се најавува период на нестабилност во попладневните часови.
Препораките се да не се излегува на отворен простор во случај на електрични празнења и под дрвја.