28 Ноември, 2024
0.0292

Нестабилноста на Европа закана за целиот свет

Објавено во: Свет 30 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Европската економија нема светла иднина, а со својата лоша состоја го загрозува и економското здравје на целиот свет, се согласија развиените земји. Организацијата која вклучува 34 напредни светски економии, ОЕЦД, повторно ја намали својата проценка за растот во еврозоната, повикувајќи ја Европската централна банка да ги разгледа начините за да го поттикне растот. Еврозоната според оваа проценка во оваа година би требало да доживее пад на економските активности од 0,6 проценти, што е во спротивност на трендовите во земјите како САД и Јапонија. Се предвидува и раст на стапката на невработеност, чиј просек во 17 земји-членки во моментов изнесува 12 проценти. Продолжената слабост на европската економија би можела да и наштети на целата светска економија, предупреди ОЕЦД. „Европа е во ужасна ситуација. Сметаме дека еврозоната би требала да разгледа некои поагресивни опции“, оцени гланиот економист на оваа организација Пјер Пабло Падоан. Пред шест месеци, прогнозите за еврозоната, исто така, предвидуваа економски раст, но само од 0,1 проценти. ОЕЦД за лошата перспектива во 2013 година ги обвинува мерките за штедење на кои крајот не им се гледа, слабата деловна доверба и лошите услови за кредитирање. На Европската централна банка и се сугерира да размисли за стимулирањето на економијата со монетарна експанзија. Трајната нестабилност во Европа би можела да еволуира во стагнација, со негативни последици за глобалната економија, се вели во извештајот, кој се објавува два пати годишно. Во споредба со Европа, САД и Јапонија акцентот го ставија на мерките за поттикнување. Јапонската економија оваа година би требало да се зголеми за 1,6 проценти, но експертите на ОЕЦД се сомневаат дека растот ќе продолжи и во наредната година. Во Америка се очекува 2 процентен раст на бруто домашниот производ. Проценките за раст на британската економија оваа година се намалени за 0,8 проценти и за 1,5 проценти во 2014 година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат