Несторовиќ: Сега вирусот е релативно слаб и има помалку тешки случаи
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 30 Јуни, 2020
Ако некој треба да се зарази со корона, сега е најдобриот период.
Ова го тврди српскиот пулмолог, д-р Бранимир Несторовиќ. Тој вели дека доколку некој треба да се зарази од корона, сега е најдобриот период, бидејќи вирусот е релативно слаб и има помалку тешки случаи.
„Само оние со тешка клиничка слика можат да развијат антитела. Пациенти со благи симптоми имаат антитела многу кратко, две-три недели, потоа се губат. Така да тој тест дава многу ниски резултати“, објаснува докторот.
Д-р Несторовиќ објаснува дека луѓето треба да бидат претпазливи на тестовите коишто се прават со антитела, бидејќи тие, според него, не се доверливи.
Во изминативе 24 часа регистрирани се 276 новозаразени од Ковид-19 во земјата.
Коронакризата ескалира во Србија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.