Несудениот МВР Ковачки ја обвини Шекеринска за објавување на класифицирана мапа
Објавено во: Македонија 27 Мај, 2020 10:24
Полковникот Драган Ковачки, инаку несуден министер за внатрешни работи на Македонија, ја обвини министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека во јавноста, односно на Фејсбук, објавила како што вели тој, класифицирана воена мапа.
„Радмила Шекеринска направи кривично дело казниво со затвор и изврши класичен упад во воениот систем на Република Македонија со објавувањето на интернет на мапата за зоната на одговорност на Третиот пешадиски батаљон, мапа која открива дел од позициите на тој батаљон“, објави канидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според офицерот, мапата содржи класифицирани работи и дека изработувачот на актот го има изработено ова како степен на доверливост. Вели дека мапата се уште стои на Фејсбук страницата и покрај неговото инсистирање кон вицепремиерката да се отстрани мапата. Поради тоа што станува збор за кривично дело казниво со казна затвор, вели Ковачки, мапата не смее ниту да се фотографира, а камоли да се објавува во јавност.
„Било кој да го направи истото ќе му биде покрената дисциплинска постапка, и ќе му биде одземен безбедносниот сертификат и ќе му биде покрената кривична постапка, без разлика дали станува збор за министер сите ние мора да ги почитуваме законите“ вели Ковачки.
Тој во декември беше предлог на опозицијата да биде технички министер за внатрешни работи на местото на Оливер Спасовски, но власта не го прифати тоа бидејќи стануваше збор за униформирано лице. Наместо Ковачки, Наќе Чулев беше поставен на таа функција подоцна.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




