НЕТО ПЛАТАТА БЛАГО НАД 45 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: нема раст кај примањата на работниците - просекот „горе-доле“ ист цела година
Објавено во: Економија 22 Октомври, 2025 15:18
И во месец август 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата останува околу 45 илјади денари. Според последната објава на Државниот завод за статистика, просекот во август изнесувал точно 45.310 денари. Со ова просечната плата во земјава, наместо да се зголемува, во текот на оваа 2025 година стагнира на сума околу 45 илјади денари.
ДЗС пресметал дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2025 година, изнесува 45.310 денари, и укажа дека во однос на август 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10,3 отсто.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита за 14,6 отсто, Образование за 14,5 проценти и Административни и помошни услужни дејности за 14,1 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 5,2 шрпцемто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,7 отсто и Рударство и вадење на камен за 4,5 проценти - се наведува во соопштението на ДЗС.
Но, нивните податоци откриваат дека од месец во месец имаме стагнација на платите, па дури и намалување, ако се погледне платата во мај, кога просечната нето плата достигнала 45.796 денари и била највисока во текот на оваа година.
Бројките откриваат дека низ годината има подеми и падови кај платите, но остануваат на ниво од 45 илјади денари.
Еве колку била просечната исплатена нето плата за секој месец посебно, според податоци од ДЗС:
Во јули 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.276 денари
Во јуни 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.468 денари
Во мај 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.796 денари
Во април 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.452 денари
Во март 2025 година просечната месечна нето-плата - 44.763 денари.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава





