Невакцинираните грчки работници на свој трошок ќе се тестираат еднаш неделно
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 22 Август, 2021
Грција ги заострува мерките за невакцинираните граѓани.
Невакцинираните работници во Грција од јавниот и приватниот сектор ќе мора да се тестираат најмалку еднаш неделно на ковид на свој трошок.
„Од вработените во јавниот и во приватниот сектор кои не се вакцинирани ќе се бара да се тестираат на свој трошок по фиксна цена. Но, повторувам, за жал еднаш или двапати неделно на нивен трошок од септември па натаму“, изјави на телевизијата „Скај“ портпаролот на владата Јанис Иконому.
И портпаролот го повторил ставот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека економијата нема да се затвори и дека ќе нама локдаун. Грција пред сезоната ги вакцинираше граѓаните на островите со цел да се нормализира туризмот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.