„НЕВАКЦИНИРАЊЕТО Е ЗЛОБНО“: Утринава во Тетово почина 39-годишна жена, д-р Нуредини предупредува дека невакцинираните се убиваат и себе и другите
Објавено во: Македонија 28 Август, 2021 10:51
Иако за момент
помисливме дека ситуацијата барем за нијанса е подобра, сепак морам да
констатирма дека се уште нема никаква промена во однос и наболничките прегледи,
и на смртноста и на дневните амбулантски прегледи, изјави за Фактор д-р Гзим
Нуредини, шеф на Ковид-центарот во Тетово,
Нагласува дека до утринава повторно има многу приеми, а информира и за пет починати пациенти, меѓу кои и млада жена.
-Во последното деноноќие имаме 16 нови пациенти поради компликации на корона вирусот. Сега во тетовскиот ковид-центар се лекуваат вкупно 124 пациенти. За жал, од вчера наутро до денеска утринава имаме пет починати пациенти, меѓу кои млада 39-годишна жена. Кај нема има историја на ендокринолошка состојба, станува збор за тироидната жлезда, но мора да потенцирам дека нејзината претходна здравствена состојба е целосно контролирана и без никакви проблеми. Донесена е со сатурација 45, во исклучително тешка состојба и за жал по неколку дневно лекување во болницата, почина. И последните петмина починати се невакцинирани пациенти, вели д-р Ниредини.
Истовремено нагласува дека не стивнуваат ниту амбулантските прегледи. За еден ден се прегледани дури 175 луѓе, додека има многу малку исписи од болницата. Во последните 24 часа, оздравеле само 13 пациенти кои се пуштени дома.
-Сигурен сум дека никој ништо не слуша, не чита, не гледа телевизија, јасно ми е тоа, бидејќи да беше поинаку, можеби ќе имавме подобра ситуација. Но, она што го констатираме секој ден, ние лекарите од Тетово, нам секој ден ни „умира по едно комбе“, кое има капацитет од 5 до 10 луѓе. Тоа е премногу. Сите починати се невакцинирани против болеста. Паролата што во моментов ја смислив, еве додека разговарам со вас е: „Невакцинирањето е злобно, тој што не се вакцинира, освен себе, убива и други луѓе“. Навистина не знам веќе дали воопшто има начин луѓето да разберат колку е сериозна и алармантна состојбата ако некој невакциниран се зарази со корона вирусот и настанат компликации, посочува д-р Нуредини.
Тој уште еднаш потенцираше, дека од сите хоспитализирани во Ковид-центарот во Тетово, повеќе од 90 проценти се невакцинирани луѓе, останатите се со само една примена доза, додека, како што вели, најмал е бројот на хоспитализирани пациенти кои ги примиле двете дози од вакцината против Ковид-19.
Анита Буховски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија
„Не бараме одмазда“, порачаа ротителите на Маршот на ангелите во Кочани
Мицкоски доби трет претседателски мандат во ВМРО-ДПМНЕ
Мециновиќ за веста со мигрантите: „Нè третираат како периферија за отпадни проекти!“
„МИЦКОСКИ САКА ДА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ДЕПОНИЈА ЗА МИГРАНТИ“: СДСМ вели дека Британската амбасада ја потврдила соработката за мигранти
„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари, а од тука е и најдобрата личност од историјата“: Светски јутјубер воодушевен
Дваесет и шестогидшник со „јагуар“ прегазил 28 годишен гостиварец
Ја присилил на полово дејствие, ја снимал, па и барал пари со снимката: Приведен 29 годишен неготинец





