25 Февруари, 2024
0.0257

Неверојатен звук и совршено аудио искуство со уредите од Samsung Galaxy екосистемот

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Дигиталното време со себе го донесе и паметното живеење кое веќе е инкорпорирано во нашето секојдневие како начин на живот. Денес паметното живеење значи најнова технологија, а таа прави чуда на начинот на кој сéстрано го олеснува нашиот приватен и професионален живот. И токму тоа го добивате од Samsung екосистемот кој ви овозможува беспрекорно поврзување на уредите.  

Најновата генерација Samsung Galaxy уреди ги помести границите на извонредноста во понудата на паметни телефони, таблети, рачни паметни часовници. Но, за да секое визуелно искуство биде комплетно и совршено, присуството на аудио перформансите се еднакво неопходни и важни. Што се нуди на пазарот за да вашиот телефон Galaxy Z Flip5 или Galaxy Z Fold5, или пак за таблетот Galaxy Tab S9 Ultra, го достигне максимумот во јасноста на звукот и ви озможи искуство со слушање на врвно ниво? Одговорот е едноставен: Galaxy Buds2 Pro!

Совршено аудио искуство со слушалките Samsung Galaxy Buds2 Pro

Без разлика дали разговарате на телефонот, слушате музика, подкаст, гледате или снимате видео содржини, или можеби на вашиот таблет гледате филм, концерт, или пак гејмате, кога сте поврзани на уредот со слушалките Galaxy Buds2 Pro, звукот ќе го слушате токму како што е наменет да биде и на безжичен начин. Секоја од овие две „бубачки“ содржи двонасочни звучници за реакција во широка фрекфенција, еден нискотонец кој испорачува подлабок бас, и високотонец кој произведува богат висок тон. Замислете ја само јасноста на секоја нота во која ќе уживате слушајќи ја омилената плејлиста на Spotifyдодека сте во движење, или пак кога гејмате слушајќи го секој звук од играта, како да сте лице место? Поддржани од уште подобрената нова технологија Samsung Seamless Codec која го шифрира целосното аудио од 24 бита и го дешифрира преку Galaxy Buds2 Pro, одржувајќи го истиот квалитетен звук од 24 бита. Функцијата активно откажување на бучавата (ANC) е подобра од било кога до сега, па така надворешните звуци или шумови нема да ги слушате воопшто, бидејќи трите микрофони со висок сооднос на сигнал со бучава (SNR) го следат надворешниот звук и го отстрануваат со што нема да слушнете ни малку шум од есенскиот или зимски ветер додека одите и слушате. Но во моментот кога ќе почнете да зборувате, вашиот глас ќе биде препознаен, ANC ќе се исклучи, и ќе можете соговорникот или надворешните звуци да ги слушате совршено, без да ги отстранувате Galaxy Buds2 Pro од вашите уши.

Гледањето видео содржини на вашиот телефон или таблет со веќе познатата функција Audio 360 која ќе ја најдете во апликацијата Galaxy Wearables, ви овозможува просторно свесен опкружувачки звук кој ќе го чувствувате како реален. Интелигентното аудио 360 со директни повеќеканални Dolby Atmos и подобреното следење и синхронизирање на движењата на главата, создаваат извонредно искуство. Со технологијата Dolby Atmos, филмовите и музиката се движат околу вас, нешто што стандардниот звук не го може. Нема веќе леви или десни канали, туку целосен звучен пејсаж со сите детали. Но Аudio 360 не е само супер погодност за слушање, туку и за снимање видео содржини со вашиот Galaxy телефон и Galaxy Buds2 Pro на кои јасноста и прецизноста на снимениот звук, дури и по репродицирање и препраќање на видеата кај вашите пријатели, ќе остане хиперреалистичен како на местото на одвивање.

Што се однесува до дизајнот на слушалките Galaxy Buds2 Pro, нема потреба да се сомневате во префинетоста на нивната ергономска форма која идеално ќе „легне“ во вашите уши и нема да ви пречат дури и по цели денови да ги носите и користите. Можете да бирате меѓу трите бои на светло виолетова, графитна или бела, за да вашите слушалки идеално одговараат со вашите други гаџети и вашиот стил.

Поврзаноста е сегашноста, но и иднината!

Поврзувањето помеѓу Samsung уредите е толку лесно што е доволен само еден клик. Вашите Galaxy Buds2 Pro автоматски ќе се појават на вашиот Galaxy телефон  или таблет, но и на телевизирот Samsung. Дали е тоа вашиот Neo Qled TV или OLED TV, преку Bluetooth ќе можете да се поврзете и аудиото да го слушате со сите предности кои ги нудат Galaxy Buds2 Pro. Дури и кога ќе ви зазвони телефонот, со два допири на слушалките ќе можете да одговорите на повикот, при што звукот од телевизорот автоматски ќе се исклучи, а по завршувањето на разговорот ќе се вклучи.

Важно за Galaxy Buds2 Pro е да се нагласи дека тие се водоотпорни, така да без грижи ако ве фати дожд. Поврзани со вашиот Galaxy Z Flip5, извонредниот Flex Windowнадворешен екранќе ви овозможи прегледно да следите и видео содржините на YouTube или да управувате со Spotify апликацијата, Постојано користење до 5 часа со вклучена ANC ќе ви биде овозможено, а ќе имате 18 часа батерија ако се во кутија. Со SmartThings Find ќе ги лоцирате вашите слушалки ако не ви се при рака, а доколку се одалечите од нив, интегрираниот аларм ќе ви прати известување на телефонот. Со тоа веројатноста да ги загубите е скоро невозможна.

Одлична можност за купување на уред Galaxy со бонус поволности!

Искористе ги поволностите на актуелните промотивни понуди и доколку одберете Galaxy Z Flip5 или Galaxy Fold5телефон, ви следува 6 месеци 100 GB меморијана Microsoft 365 Basic OneDrive облакот, или пак 4-месечна бесплатно користење на YouTube Premium. Па така, нема да имате потреба да се грижите повеќе дали имате доволно меморијаво телефонот да ги зачувате вашите омилени песни или видеа со бесплатната понуда One Drive, а доколку платформата YouTube ја користите често, тогаш изберете ја бесплатната понуда за YouTube Premium и уживајте во своите содржини без тие да бидат прекинувани од реклами, и без wi-fi конекција.  

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Хотел „Фламинго“ казино - Гевгелија по четврти пат домаќин на крводарителска акција

Хотел „Фламинго“ казино - Гевгелија по четврти пат домаќин на крводарителска акција

ЗАПРЕТЕ ГО ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ НА ВАШАТА КОЖА И ТЕЛО

ЗАПРЕТЕ ГО ПРОЦЕСОТ НА СТАРЕЕЊЕ НА ВАШАТА КОЖА И ТЕЛО

„Литература.мк“ и „Џез ФМ“ радио носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

„Литература.мк“ и „Џез ФМ“ радио носат нов, автентичен и оригинален музички концепт на урбаната сцена

Со поддршка од Клиника Жан Митрев се одржа вториот симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри

Со поддршка од Клиника Жан Митрев се одржа вториот симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за изминатата година

Групацијата Иуте ги објави неревидираните резултати за изминатата година

Македонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година

Македонски Телеком со позитивни резултати, раст и лидерство во 2023 година

Samsung ја најавува новата и подобрена фитнес нараквица Samsung Galaxy Fit3

Samsung ја најавува новата и подобрена фитнес нараквица Samsung Galaxy Fit3

Каратистите на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во Подгорица

Каратистите на „Макпетрол“ ќе се натпреваруваат на Балканското првенство во Подгорица

Кожувчанка договори соработка со Кошаркарската Федерација на Северна Македонија

Кожувчанка договори соработка со Кошаркарската Федерација на Северна Македонија