Неверојатни 830 милиони евра “изеде“ петгодишниот увоз на струја!
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2013 08:51
Анализата на Фактор која се темели на статистичките податоци покажува дека во изминатите пет години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.732 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови. Државната статистика покажува и дека лани, увозот на електрична енергија достигна 196,7 милиони евра, додека само во првите четири месеци од годинава увозот на струја „тежеше“ дури 54 милиони евра.
Стотици милиони за увоз на струја. Што се можеше да се изгради?!
Енергетските експерти се зачудени од податокот дека во изминатите пет години купувањето струја од увоз значи одлив на безмалку една милијарда евра. Тие негодуваат што државата со години не инвестираше во крупни енергетски проекти, кои се од суштинско значење за индустријата.
„Прилично голема е сумата од 830 милиони евра за увоз на струја за петгодишен период. Да вложуваше државата во изминатите 10 години барем 8% од овие 830 милиони евра и ако се земеа кредити од инвестицските банки од околу 200 милиони евра годишно, досега ќе се изградеше некој посериозен проект во енергетиката. Сведоци сме дека во изминатата година имаше активности во енергетиката, но факт е дека сега ја плаќаме цената на големото заостанување со децении. РЕК Битола и постоечките хидроцентрали се модернизираат, но некако не ни оди изградбата на нови, поголеми термокапацитети, на големите хидроцентрали Чебрен и Галиште кои барем малку ќе го амортизираат увозот на струја“, велат за Фактор од Манедонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Никој од надлежните, со години наназад не понесе одговорност за тоа што се пропуштија неколку шанси за да се изградат енергетските проекти или пак, затоа што не се најде инвеститор кој преку моделот на јавно-приватно партнерство ќе инвестира во изградба на гасовод, когенеративна електрна, хидроцентрали или централи кои користат обновливи извори на енергија.
Без енергија нема економски раст!
Несфатливо е како Владата планира да оствари економски раст (од 3,4% во 2014 година, ревидиран), кога енергијата клучна за производството ја нема или е прескапа. Поради скапата електрична енергија, изминативе неколку години компаниите беа приморани да го намалат производството и да прават ремонти само за да ја намалат потрошувачката ан струја. Во зиминатите 10 години државата не изгради ниту еден од децениски најавуваните енергетски капацитети, кои треба да го намалат скапиот увоз. Наместо одлив на една милијарда евра за увос на струја од странство само за пет години, досегашните премиери требаше да го зголемат домашното производство.
Енергетските експерти алармираат дека дводецениската летаргија на неправење ништо во енергетиката трае предолго и дека Владата и ЕЛЕМ итно мора да ја подобрат енергетската слика на Македонија.
К.П.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




