17 Декември, 2025
0.1513

Неверојатно, но вистинито: Најмногу туристи сме имале во 1987 година!

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2013 09:24

Добивај вести на Viber

Еден милион и 183 илјади туристи имало во Македонија во 1987 година. Анализата на Државниот завод за статистика покажува дека во истиот период имало и најмногу остварени ноќевања- вкупно 3,9 милиони. За разлика од денеска кога се почести се странските на сметка на домашните туристи, тогаш најмногу ноќевања оствариле токму домашните туристи- дури 2,4 милиони.

Всушност во периодот од 1982 до 1989 година земјава била најатрактивна за странски но и домашни туристи, бидејќи во тој период се остварени и најмногу ноќевања. Потоа бројот опаѓа, а очекувано најмалку туристи, Mакедонија имала во 2001 година, поради воениот конфликт. Во истиот период регистрирани се само 333 илјади туристи. Во изминатите години, Владата води агресивна кампања помогната со низа субвенции за да ја промовира земјава во странство и да привлече странски гости, но се чини дека и покрај сите напори, бројот на туристи успеа да се зголеми единствено до 663 илјади во 2012 година, што ако се спореди со златната туристичка сезона во 1987 година, е пад од 43%..

Македонија ги губи домашните туристи

Притоа, ако во изминатите шест години се забележува одреден пораст на странските гости, евидентно е намалувањето на бројот на домашни туристи, сосотојба која најмногу се забележува во продолжените викенди кога колони граѓани ја напуштаат земјава, упатувајќи се кон грчките плажи. Тоа покажува дека државата сиве овие години не успеа да ги задржи многубројните туристи кои доаѓаа на охридското, дојранското и преспанското крајбрежје, како и на македонските планини но и во македонските манастири.

Владата води политика на субвенционирање туроператори што ќе донесат странци во земјава, но, според познавачите, ако го направи истото и за домашни туристи, ќе се зголеми посетеноста на нашите туристички локации, особено на оние што се помалку посетени. Најголем дел од туристите во Македонија ги посетуваат само главниот град и Охрид, иако земјава има многу повеќе природни убавини што може да им ги понуди на посетителите.

Тоа го покажува и анализата на Државната статистика, според која, лани, најслабо биле посетени бањските места. Од вкупно 663 илјади туристи само 27 илајди биле во постеа на бањите во земјава. Потоа следат планиниските места со 68 илјади туристи и Скопје со 152 илајди туристи.

Странците преферираат хотели со 3 ѕвездички

Статистиката на Државниот завод за местото на престој на странските туристи покажува дека истите преферираат да спијат во хотели, и тоа најмногу во хотели со 3 звездички, иако во цела Македонија има само 52 хотели со три ѕведзички. Атрактивни за престој се и куќи за издавање, станови за одмор и соби за издавање..Интересно е тоа што во периодот од 2008 година до лани, статистиката не регистрирала ниту еден престој на турист во мотел со 4 звездички, затоа што реално и земјава немаше такви објекти. 2012 година се отворија неколку па и веќе се регистрирани 1.400 туристи кои престојување во мотели со 4 звездички, 2261 во мотели со 3 звездички и дури 3.700 туристи во мотели со 2 звездички.

С.Н

Можеби ќе ве интересира

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега