НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАН: Да се купи, изнајми или сошие?
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2025 08:06
Во некои македонски градови, купувањето венчаници е тренд, а во други повеќе се практикува шиење или изнајмување. Од бутиците за венчаници објаснуваат дека им доаѓаат клиенти со различни желби. Интернетот нуди многу можности да видат идеи каков фустан сакаат да носат и како сакаат да изгледаат на свадбaта.
„Повеќето невести си шијат и купуваат венчаници. Секоја доаѓа со своите барања. Сите имаат различни потреби и критериуми, некои се покрупни, некои послаби. Се шие по нарачка и така е најдобро. Сите мани се покриваат, а доблестите се откриваат. Претежно сега со интернетот, гледаат од светските креации, но секоја жена е различна и ние ги советуваме, им објаснуваме, но и цртаме модели. Најевтината венчаница чини од 400 евра па нагоре. За тантелата и ние сме условени, ги купуваме, а цените варираат. Ние не изнајмуваме венчаници. Имало немили ситуации со изнајмување во минатото, а ако нешто се оштети, треба да се плати“, велат од бутик за венчаници од Скопје.
Но, во помалите места, голем број невести ја бираат поевтината варијанта.
„Не дека невестите не сакаат да изгледаат екстравагантно, но гледаат да поминат поевтино. Од моето искуство, најчесто шиеја венчаници и потоа ги оставаа во бутикот за изнајмување, имаше и такви случаи. Сите сакаат да биде модерно, да биде убаво, елегантно, но материјалите се скапи. Тие што се побогати, купуваат венчаници од Скопје, одеа и во Ниш, но другите гледаа да поминат поевтино поради немање финансии“, објаснува прилепчанка.
Цената на венчаницата во голем дел зависи од видот на материјалот, но и од рачната изработка на неа.
„Секоја невеста си носи индивидуална одлука. Но, од град до град има разлика. Ако во Скопје шијат и купуваат, во Битола изнајмуваат и цените си варираат, зависно за каков фустан се работи, колкава му е цената“, објаснува сопственичка на бутик за венчаници во Битола.
Во помалите градови за разлика од Скопје, венчаница може да се најде за пониска сума.
„Венчаниците најчесто се изнајмуваат во Битола. Најниската цена за изнајмување е 18.000 денари. Невестата има рок од 4-5 дена да го врати фустанот. Со години е така во Битола, си изнајмуваат, веројатно им се гледа поевтино“, вели Елена Талевска Крстеска, сопственичка на бутик за венчаници во Битола.
Во поголемите градови има по неколку битици за венчаници кои нудат услуги за идните невести.
„Повеќето невести во Струмица си шијат венчаници. Најубаво им е по нарачка, си бираат модел што го сакаат. Со години навиките се такви, невестите си нарачуваат да им се сошие фустан. Секоја година е различна, зависно од тоа колку свадби ќе има. Месечно може пет венчаници да се изработат. Идеи за тоа каков фустан сакаат, младите гледаат на интернет“, објаснуваат од бутик за венчаници во Струмица.
Во Тетово велат дека невестите и купуваат и шијат фустани. Најевтините венчаници чинат од 400 до 500 евра, а најскапата може да биде и 5.000 евра, зависно од материјалот. Сепак, сопствениците на бутиците велат дека невестите најчесто бираат фустани до 1.000 евра, а секоја десетта муштерика доаѓа со некоја поспецифична желба и е спремна да плати поскапо.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/MinetPhoto
Можеби ќе ве интересира
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија




