НЕВЛАДИНИТЕ АЛАРМИРААТ: Има труење на кучиња со опасен отров во градовите и селата
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017 15:33
Низ Македонија масовно се трујат кучиња, тврдат од Здруженијата за заштита на животните.
Тие велат дека по несреќата во која четиригодишно дете беше жртва од напад на кучиња со сопственик, граѓаните масовно пријавуваат труења на бездомни животни, дури и нивно застрелување. Објаснуваат дека е расфрлан високораздорен, смртоносен отров насекаде, во градовите и селата во Македонија. Според нив, овој отров само при вдишување е фатален за животните, но и секој возрасен човек, а камоли дете. Отровот во храна е фрлан на високофреквентни локации, шеталишта, игралишта, дури и детски градинки, предупредуваат здруженијата.
„Труењата се истовремени во повеќе градови и села што укажува дека се институционално синхрозирани и реализирани. Денес до нас стигна снимка на која се снимени две лица како фрлаат отров, со кој убија повеќе маалски животни. Знаеме дека зад ова постои план и организација и се сомневаме во општините“ - соопштуваат здруженијата за заштита на животните Анима Мунди (Скопје), Анималиа (Охрид), Гласот за животните (Велес), Animal World (Струга), Мали херои (Битола), Спаси живот (Штип), Срце за животните Тиквеш (Кавадарци), ЕДЕН (Скопје), Асоцијација на активисти за правата на животните (ААПЖ).
Тие апелираат да не се злоупотребуваат лични трагедии и несреќи за да се убиваат животните и покријат некомпетентноста, незаинтересираноста, одговорноста на институциите кои ја имаат во однос на проблемот со бездомните кучиња.
Наведуваат дека 9 од 10 угризи од кучиња, се од кучиња со сопственик, а не од бездомни.
Трагичниот настан со искасаното дете се случи во кичевско Бачишта, но тоа не беше единствен случај деновиве. Потоа следеа уште неколку случаи каде луѓе беа каснати од куче.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




