19 Декември, 2025
0.1199

НЕВОЗМОЖНО Е ДА СЕ ОТКРИЕ КОЈ ГИ ПРАЌА ДОЈАВИТЕ ЗА БОМБИ: ИТ-експерти со детални објаснувања зошто

Објавено во: Македонија 15 Декември, 2022 08:36

Добивај вести на Viber

Речиси три месеци во земјава на електронските адреси, прво само на средните училишта во Скопје, потоа во училишта низ градовите во земјава, а во последниве недели дојави за подметнати експлозивни направи стигнуваат и на електронските адреси на разни институции, вклучително и МВР и Народната Банка, како и на Шопинг центри и станбени објекти. Сите се лажни, но тоа не ја намалува ниту паниката, ниту вознемиреноста, ниту пак лутината на граѓаните кои оценуваат дека станува збор за целосно оскатаување на образовниот систем пред се, а потоа и на работењето на институциите.

Толку ли не може да ги фатат, како не може да ги откријат, дали работат нешто надлежните, прашањата се редат едно по едно. Експертите од областа на Информатичката технологија, со кои разговараше Фактор велат дека и по сиве овие месеци, надлежните немаат конкретен одговор на овие прашања бидејќи станува збор за нешто што е многу тешко да се открие и да се докаже.

Посочуваат дека ваквите напади се извршуваат од центри кои се надвор од државата и потребна е неверојтано цврста соработка за да може нешто конкретно да се направи. Но, кога станува збор за земји кои по секоја цена ги штитат ваквите активности, макар и криминални, практично е невозможно да се пронајде сторителот, велат нашите соговорници.

-Не секогаш пронаоѓањето на подразбира дека се потребни само ИТ вештини и ресурси. Доколку сторителот е сместен во офшор земја која ја штити приватноста на интернет корисниците по секоја цена, е речиси невозможно да се пристапи до понатамошно разоткривање, без разлика дали сторителот е физички присутен во таква земја или некако ги има рутирано трагите и сообраќајот да во еден момент интернет сообраќајот поминува низ таква земја која ги штити корисниците дури и кога станува збор за криминилани активности кои нанесуваат некаква материјална штета, впојаснуваат ИТ експертите со кои разговараше Фактор.

Истовремено, како што нагласуваат, во денешно време, има илјадници различни емаил провајдери кои дозволуваат буквално со неколку клика да се регистрира нова емаил адреса, без никаква вистинска валидација кој стои позади тоа сандаче.

-Трагите од која IP адреса се регистрирало тоа сандаче може да се и премногу основни, но може и по подетално истражување на органите да се дојде до нерешлива точка. Многу е едноставно да се купи стар телефон или уред, да се купи каков било уред, (таблет) во продавница која нема ниу камера, ниту записи кој го купил уредот, и со таков анонимен уред, од кое било кафуле, каде било во светот, може секој да регистрира нова емаил адреса и да испраќа секакви содржини, насекаде низ светот, посочува соговорникот.

На прашањето дали ова може некако да се утврди попрецизно, тој вели дека доколку станува збор за професионалец или вешт "криминалец" не е потребно многу за да се сокријат трагите. Може да се открие само во еден единствен случај, ако некако згреши.

-Може да биде проблем дококу често се повторува случајот како што е со нашите дојави за бомби, мало невнимание или грешка, може да се влезе во трага доколку секоја една пријава се истражува со сите достапни ресурси, и се следи трагата до самиот крај. Патот на информација од компјутерот на кој сте најавени, од локалната интернет мрежа, до локалниот интернет провајдер, потенцијално преку неколку земји доколку емаил провајдерот е со датацентар во друга земја, информацијата поминува низ повеќе точки кои некогаш е поедноставно да се пратат, но често може да се користат разни сервиси како VPN кои можат да го "маскираат" интернет сообраќајот и патот на информацијата, и погрешно да ве наведат од каде навистина потекнува изворот и кој ја испратил, каде што повторно доколку се користат вакви сервиси во земји кои не би соработувале со нашите државни органи за да го одкријат вистинскиот сопственик, би се наишло повторно на нешто што нема излез. Односно доаѓаат до „ќор сокак“, вели нашиот соговорник.

Инаку, МВР уверува дека се преземаат сите мерки и детално се работи за да се најде сторителот, но со оглед на фактот дека досега е до обвинителството е поднесена само една кривична пријава против едно малолетно лице, граѓаните целосно немаат доверба во системот и во работата на надлежните органи.

Анита Буховски

ФОТО: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните