19 Декември, 2025
0.0523

Невработен Италијанец измисли нова професија – Чекање на ред во банка

Објавено во: Мои пари 07 Февруари, 2014 13:00

Добивај вести на Viber

Се досадувате ли кога треба да чекате ред во банка, на некоја каса и слично. Токму тоа е специјалноста на Џовани Кафаро. Четиридесетгодишниот Италијанец, кој ја изгубил својата работа како маркетинг директор во текстилна фабрика, одлучил да се впушти во нова авантура. За 10 евра на час , "фер" цена според неговите зборови , Џовани Кафаро им нуди на своите сонародници да се нареди на опашката наместо нив. „Иако испратив повеќе од 500 CV, не ми понудија никаква конкретна можност" , раскажува Кафаро кој е шест месеци невработен. „Еден ден , додека чекав на шалтер на една административна служба , идејата ми светна". Покрај скептицизмот на блиските, Џовани Кафаро почнал да го обиколува Милано во потрага по редици, каде ја предлагал својата услуга. На располагање од понеделник до недела, Италијанецот се претставува себеси како „почитуван и сериозен специјалист " , пренесува Point.fr . Како дипломиран специјалист за односи со јавноста, тој им нуди на своите клиенти да пазарува наместо нив, да вози во метеж или да пополнува документи во банка. Се разбира, најголема побарувачка има за неговата главна активност : да чека во редици, имајќи предвид дека Италија е меѓу земјите со голема и тешка администрација, работа со која се одзема време, понекогаш и цел ден. „Организиран, мирен и трпелив" , Џовани Кафаро тврди дека го познава целосно начинот на работа на администрацијата и доживува вистинско задоволство да им помага на луѓето. Притоа, тој е амбициозен претприемач кој се надева да го наметне својот сервис како во Италија , така и во странство.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии