Невреме го уништи родот во долненско
Објавено во: Агробизнис 07 Јули, 2016 11:33
Невреме проследено со град синоќа околу 20 часот ја зафати општина Долнени, при што поплави куќи и уништи површини со тутун и жито.
Денеска на теренот ќе се утврдуваат штетите од силното невреме. Најпогодени се селата Лажани каде се поплавени десетина куќи и селото Кошино. Мештаните со свои пумпи и со помош на Противпожарната единица од Прилеп ја испумпуваа водата од домовите. Штети има и во селата Житоше, Дебреште, Ропотово, Локвени и Борино.
Поради невремето синоќа околу 80% од целата општина Долнени беше без напојување со електрична енергија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





