Невремето во Гевгелија направи штета од 240 илјади евра
Објавено во: Мои пари 22 Април, 2013
Птета во висина од 14,8 милиони денари (околу 240 илјади евра)кај 100 физички и шест правни лица направило невремето со пороен дожд и град кое кон крајот во февруари ја зафати општина Гевгелија. притоа беа поплавени 22 хектари со градинарски култури, овошни и лозови насади, станбени и помошни објекти како и дел од системот за наводнување „Вардарска долина“, информираше општинската комисија за проценка и утврдување на штети од елементарни непогоди.
Според планот, предлог елаборатот каде што се регистрирани пријавените штети е доставен до општинскиот Совет и за него ќе расправа на седницата на 26 април, посочија од комисијата.