18 Декември, 2025
0.3021

„New York Times“: Европа не брза да ги прифаќа бегалците!

Објавено во: Свет 31 Мај, 2015 13:05

Добивај вести на Viber

Протокот на украинските бегалци кон ЕУ се засилува, но европските земји не брзаат да ги прифатат, се вели во напис во електронското издание на весникот "Њујорк тајмс". "Откако на почетокот на минатата година во Украина се разгоре конфликтот, протокот на имигранти кои побарале статус на бегалци кон Полска и други европски држави постојано се засилува. Овие земји сепак се претпазливи кон нивниот пречек со отворени раце", забележува весникот. "Полска, Германија, Италија и други земји кои се омилена дестинација за Украинците кои се обидуваат да добијат статус на бегалци, најчесто ги отфрлат нивните апликации или го одоговлекуваатпроцесот на нивното решавање", наведува весникот. "Земјите кои не сакаат да ги отворат своите граници за можен нов поток на мигранти кои бараат работа , наведуваат дека во Украина има огромно територии кои не се погодени од сепаратистичкиот конфликт". Според податоците на весникот, властите во ЕУ им даваат право на азил на Украинците значително поретко отколку на пристигнување од други земји со вооружени конфликти. Статус на бегалци добиле 95 отсто од сириските имигранти и 89 отсто од идат од Еритреја. Украинците успевале само во околу 22 проценти од случаите. Сепак тие имале поголем успех од мигрантите од Косово и Србија, се насочиле кон ЕУ во 2014 година - и прифатени се само 8 отсто од Косоварите и 2 отсто од Србите. Во Полска, силна хомогена земја со една од најлибералните визни режими во ЕУ и мало искуство во справувањето со бројни имигранти, прашањето стои особено остро. Поради длабоките културни и етнички врски со Западна Украина, земјата е логичен избор за Украинците, поради што се зголемува бројот на Украинците кои бараат работни места, образование и право на постојан престој. Повеќето Украинците во земјата едноставно добиваат виза и може да останат практично неограничено време. Но за илјадниците кои не можат да добијат виза дури според либералните полски закони, останува само да се кандидираат за статус на бегалци. Нивните шанси не се добри, забележува во "Њујорк тајмс". Во меѓувреме кардиналот Антонио Марија Вељо, претседател на Папскиот совет за пастирска грижа над емигрантите и патници изјави за Ватиканско радио дека системот на дистрибуција на квоти за земањето на бегалци меѓу земјите од Европската унија е хумано, пренесоа агенциите. "Отсекогаш сум сметал дека досега Европа немаше единствена имиграциона програма. Единствено со што се занимаваат европските земји, е решавање на итните ситуации. А сега овие квоти за прием на бегалци ми се чинат нехумани и нехристијански", посочи кардиналот. Според него, на проблемот со имигрантите треба комплексна програма, а не од вонредни решенија. "Кои се причините за имиграција? Тоа се сиромаштијата и војната. Додека има сиромаштија и војни, проблемот со имиграцијата ќе станува се поголем", посочи кардиналот.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина