05 Декември, 2025
0.0323

Незаконски ловеле риба во преспанско и ја препродавале по пазари

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2013 10:38

Добивај вести на Viber

Државниот инспекторат за земјоделство по сознанија за организиран криволов на риба на Преспанското Езеро во акција заплени поголемо количество опрема за криволов на риба.

При акцијата во соработка со Единицата за брзи интервенции при МВР со судски налог извршени биле претреси на објекти и домови на одредени лица во реонот на Преспанското Езеро, при што на потегот на селата Деолно Дупени и Наколец биле пронајдени и запленети 283 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 14 километри, 205 килограми риба  и тоа претежно преспанска плашица, две сачми, една повлечна мрежа – влак, шест вонбродски мотори за чамец, три кајчиња и друга опрема за риболов.

Според инспекторатот додека езерото е без концесионер, организирана група физички лица од регионот на Преспа со значајни количества риболовен алат, мрежи, недозволени средства, влакови, оски, харпуни, вршеле нелегален излов на риба од Преспанското Езеро. Исто така, сознанијата на инспекторатот биле дека истите лица поседувале импровизирани складишта за риболовен алат, како и фрижидери со свежа и замрзната риба што илегално била пуштана во промет на зелените пазари во Битола, Прилеп и Ресен, како и во угостителските објекти во Охрид и Струга.

СВР – Битола  поднело пет кривични пријави, додека исто толку прекршочни пријави се поднесени против други пет лица од страна на Државниот инспекторат за земјоделство. Една пријава е поднесена против непознат сторител. Целата запленета опрема и алат ќе биде предаден на Агенцијата за одземен имот од Скопје.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј