16 Декември, 2025
0.2243

НИ ДРЖАВНИТЕ, НИ ПРИВАТНИТЕ ГРАДИНКИ НЕ ОТВОРААТ: Родителите загрижени, вработените во приватните градинки без приход

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2020 07:03

Добивај вести на Viber

Прашањето за отворање на градинките е се уште горка тема за родителите кои мора да одат на работа, а нема каде да ги остават децата во текот на денот. Дел од нив се соочуваат со сериозни проблеми, од една страна со закани од работодавците дека може да останат без работа, од друга страна ги мачи грижата за децата кои по цели денови едноставно не можат да останат сами.

Младиот брачен пар Станковски од Скопје веќе два месеци наназад наизменично се грижи  за нивната три годишна ќерка. Велат дека и двајцата работат во иста компанија како правници, па во текот на работната недела одат на работа преку еден ден, но според нив тоа не е решение, зошто веќе и платите им се намалени, но и постои притисок од работодавачот дека понатаму не може така.

-Дадилка, односно жена која во текот на денот ќе се грижи околу нашата ќерка сега не е опција за чување на нашата тригодишна ќерка. Во овој кризен период единствено градинките се место каде малата би била најбезбедна од здравствен аспект, но во моментов се уште нема решение за отворање на овие установи, велат Станковски.Фактор побара одговори од неколку приватни градинки за тоа кога би можеле да ги отворат вратите за најмалите и оттаму велат дека се е подготвено, па се чека само зелено светло прво од Комисијата за заразни болести, а потоа и од Владата.

-Сите наши простории се дезинфицирани, создадовме и услови за социјална раздалеченост на децата, просторот кој е наменет за спиење е посебно преуреден, единствено останува уште да дозаврши скринингот. Тоа очекуваме да се случи до крајот на неделава, иако требаше до сега да заври, екипите не центрите за јавно здравје сега се повеќе насочени кон кризните општини, велат за Фактор од неколку приватни градинки.

Од Асоцијацијата на приватни установи за деца „Полет“ која брои повеќе од 200 вработени, како и над 1000 деца и нивните родители, посочуваат дека приватните градинки ги исполнуваат сите стандарди пропишани со Законот за заштита на децата, и со тоа се подготвени да ги спроведат сите протоколи добиени од МТСП односно Комисијата за заразни болести.

-Свесни сме за ризиците и последиците од оваа пандемија, впрочем и секојдневно ги живееме, но градинките се најконтролираната и најбезбедната средина за децата. Ова го докажува и скринингот на вработените, кои се покажаа како одговорни и дисциплинирани индивидуи кои го штитат своето здравје, а со тоа и јавното. Ако нашата крајна цел е нашите деца да станат вакви индивидуи, совесни и одговорни граѓани на нашето утрешно општество, тогаш овозможете ни да го постигнеме тоа. Секој ден на оваа возраст без важните чинители за развој е директна загуба за детето како индивидуа во семејството, општеството и пошироко. Затоа, бараме веднаш да се продолжи со скринингот на вработените, а општините веднаш да постапат по протоколот во однос на дезинфекција на објектите и дворовите на градинките, со што ќе се обезбеди брзо отворање на градинките кои се подготвени да почнат со работење уште утре, а останатите нека се подготвуваат и цела година, доколку државата може да го поднесе тој товар, вели Андреј Поповски, претседател на асоцијацијата „Полет“.

Поповски истакнува дека најголемиот проблем е што вработените во приватните градинки се без никаков приход од 11 март, откако престана функионирањето на овие установи. 

-Бараме неодложно продолжување на финансиската помош сè до почетокот на работењето, бидејќи сме дејност која прва доби забрана за работење, а веќе навлеговме во четврти месец како не работиме. Бараме и еднократна неповратна финансиска поддршка, за покривање на остатанатите трошоци, покрај платите на вработените.  Во сите земји во регионот и Европа, првенствено и внимателно беше осмислено отворањето на градинките (во некои земји не се ни затворија), како сегмент од животот кој комплексно опфаќа и обединува други сегменти. Кај нас, за жал, приоритет беше даден на други дејности, а најесенцијалната дејност, воспитно-едукативниот процес и социјалната заштита на децата е ставена листа на чекање, вели Поповски.

Инаку, пред само два дена, во интервју за Фактор, д-р. Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за белодробни заболувања „Козле, и член на Комисијата за заразни болести, во однос на отворањето на градинките истакна дека скринингот продолжува и дека бројката на инфицирани е минимална. Напоменува дека заедно со МТСП се прилагодени протоколите кој ќе осигураат дека децата ќе останат здрави.

Единствено што сега за сега ја успорува постапката е зголемената бројка на инфицирани која и беше секако очекувана по големиот број на празници и по непочитувањето на мерките, а и нивно неспроведување. Мое видување е дека со нормализирање на епидемиолошката крива слободно може да се спроведе активацијата на градинките, а со тоа и враќањето на голем број на вработени на своите места, истакнува д-р. Андоновски во интервјуто за Фактор.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“

СДСМ претстави антикорупциска платформа „МИЦКО“