Ние и така имаме доволно работа, им порачаа погребалните во Полска на оние кои не се вакцинирале
Објавено во: Свет, Корона Вирус 22 Јули, 2021 17:08
Во Полска погребалните компании ги повикаа граѓаните да се вакцинираат.
Тие се вклучија во кампањата за вакцинирање против коронавирусот.
„Ние и така имаме доволно работа“, им рекоа на погребните компании денеска на Полјаците.
Полското здружение на погребални служби потсетува дека минатото лето властите прогласија дека пандемијата веќе ја нема, а есента и зимата на бројот на заразени и починати од вирусот двојно се зголеми. Владата на премиерот Матеуш Моравјецки, воведе лотарија за оние кои ќе се вакцинираат.
„Според статистичките податоци, околу еден процент од населението се раѓа и умира во Полска секоја година, што ни дава 1.041 смртни случаи на ден. Од октомври 2020 година, кога пандемијата започна да се интензивира, до крајот на мај 2021 година, кога одлучи да ‘каже збогум’ со нас, починаа 128.629 жители на Полска, што во просек дава 1.577 смртни случаи на ден, што е зголемување за над 50 проценти“, наведе во апелот претседателот на Полското здружение за погребни услови, Кшиштоф Волицки.
Во Полска, од 38 милиони жители, 16,4 милиони луѓе до средата целосно ја завршија вакцинацијата. Во Европа делта сојот е доминантен.
foto unsplash.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат





