Ние сме тоа што дишеме: во што живеат жителите на најзагадените места во Македонија?
Објавено во: Мои пари 29 Декември, 2013 08:34
Тетовчани речиси цела недела дишат најзагаден воздух во целата држава. Според податоците од мерните станици, неделава што измина во Тетово воздухот бил загадан 20 пати повеќе од дозволените граници.
Од графиконот се гледа дека во вторник, среда, четврток и петок во текот на различни временски интервали биле измерени и до 1000 микрограми ситни честици во метар кубен воздух, или 20 пати над дозволеното. Вчера пак во Тетово биле измерени нешто помалку односно 700 микрограми ситни честици во метар кубен воздух што е 14 пати над дозволените граници, а иста била состојбата и на почетокот на днелата односно во понедленикот.
„Малите вдишливи честички може да бидат едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот. Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (PM10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето. Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број на извори, како на пример издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дворовите и шумските пожари. Емитираните честички, исто така, со помош на воздушните струи може да се пренесат стотици километри од изворот на емисија“, пишува на интернет страната на министерството за животна средина
Центар
Во Центар, најлошо било во средата кога ПМ10 честиците во текот на денот достигнале и до 13 пати над дозволените граници. Односно, во средата биле измерени и до 650 микрограми ситни честици во метар кубен воздух, а среднодневната гранична вредност на ПМ10 била 400 микрограми ситни честици во метар кубен воздух.
Во петок биле измерени 309, во четврток 433, во вторник 395 микрограми ситни честици во метар кубен воздух.
Карпош
Графиконот покажува дека и жителите на Карпош во средата дишеле најзагаден воздух, додека во при крајот на неделата има намалување на присуството на ПМ10 честичките во воздухот.
Лисиче
Слична е состојбата и во населбата Лисиче, каде во средата биле измерени највисоки концентрации на ПМ10 честичките од скопскиот регион. Во оваа скопска населба, на средината на неделава биле измерени и до 930 микрограми ситни честици во метар кубен воздух.
Ректорат
Мерните станици на Ректорат покажале дека жителите во овој дел од градот, најзагаден воздух неделава имале во петокот, кога концентрациите на ПМ10 честичките биле дури и до 15 пати над дозволените граници.
Кичево
Ништо подобра не е состојбата ниту во Кичево. Во овој град во понеделникот воздухот бил со најмала загаденост, а најлошо било во средата и четвртокот.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




