Добивај вести на Viber
Поради кризата, металопреработувачките комании добија можност наместо до април 2014 година, еколошки дозволи да обезбедат до 2019 година. Компаниите веќе поднесоа поединечни барања до Министерството за животна средина за пролонгирање на процедурата, ДОМ апелира да не им се одобрат.
Инвестицијата што треба да ја направат големите индустриски капацитети за да се усогласат со европското законодавство и да добијат интегрирана еколошка дозвола ќе ја чини секоја компанија, најмалку, меѓу 10 и 30 милиони евра. Еколошката дозвола значи дека компанијата ќе треба да инвестира во нови филтри, пречистителни станици, нови технологии за намалени емисии во воздухот, водата и почвите. Проценките се дека овие екоинвестиции се најскапи токму во металуршките компании. Лани, поради кризата, Владата со пакет мерки за поддршка на металургијата им дозволи на компаниите пролонгирање на рокот во кој требаше да си ги исполнат еколошките обврски, наместо до први парил 2014 година, најмногу до април 2019 година. Дел од металопреработувачките комании како што се Макстил, Скопски легури, Југохром, Фени, Арчелормитал...веќе побараа од Министерството за животна средина пролонгирање на рокот. Стручните служби во Министерството допрва ќе одлучуваат дали на сите ќе им дозволат одложување на вложувањата во еколошки стандарди.
ДОМ бара да нема одлагање на рокот за еколошки дозволи за загадувачите
Од партијата на зелените побараа државните институции да не ги прифатат барањата на фирмите за одложување на европските еколошки стандарди, посочувајќи на загадувањето со облаци на чад во Скопје кое, според поплаките од граѓаните, потекнувале од кругот на фабриката Железарница.
“Може да се забележи и со голо око во раните утрински и доцните вечерни часови експлозија од прав и гасови кои го трујат населението во Гази Баба, Ченто, Автокоманда, Бутел 1 и 2 и пошироко. Инстистираме на одговори кој загадува, зошто не се почитуваат еколошките стандарди, зошто инспекторатите за животна средина не инсистираат на тоа и зошто се случува тоа секогаш рано наутро и доцна навечер “, вели
Златко Јордановски, претставник на ДОМ и дипломиран хемиски инжинер.
Јордановски потенцираше дека ДОМ како зелена партија инсистира да се спроведе Законот за животна средина, според кој сите фирми до април 2014 година треба да се прилагодат на европските еколошки стандарди. Тоа, појасни, значи дека институциите не треба да ги земат предвид барањата на фирмите за одложување на роковите за уште 5 години затоа што сите загадувачки материи кои потекнуваат од нивното работење ја уништуваат и животната средина и здравјето на луѓето што е евидентно од енормниот пораст на малигните и други видови тешки заболувања.
“За ДОМ се неприфатливи барањата на мeталургиските комбинати, затоа што во изминатиот период имаше историски највисоки цени на металите, а тие не сакаа да одвојат максимум до 1 процент од својот профит за здравјето на вработените и околното население “, додаде Јордановски.
Светска банка:Загадувањето ја чини државата 250 милиони евра годишно
Според студијата на Светска банка, загадувањето на воздухот е значителен проблем на одредени локации во Македонија, а според мерењата на станиците за мерење на квалитетот на воздухот, концентрациите на ситни честички повеќепати ги надминувале стандардите на Европската Унија.
„Високо урбанизираните и индустријализирани центри како што се Скопје, Битола (енергетика), Кавадарци (металургија) и Миладиновци (рафинирање на сурова нафта) се значајни придонесувачи за лошиот квалитет на воздухот во овие области“, пишува во
извештајот на Светска банка.
Проценките на Светската банка се дека во земјава годишно се губат околу 1.350 животи и илјадници продуктивни денови како резултат на загадувањето на воздухот со ситни честички.
„Загадувањето на воздухот со ситни честички, односно, трошокот на економијата од загубена заработка поради прерана смртност и изгубена продуктивност на работното место или отсуство од работа ја чини економијата 253 милиони евра годишно или 3,2 проценти од БДП за 2011 година “, е потенцирано во извештајот.
Анализата на Светската банка покажува дека дококолку земјава успее да ги намали концентрациите на ситни честички до граничните вредности на Европската Унија, би се избегнале над 800 смртни случаи, илјадници денови на загубена продуктивност и тоа би резултирало со здравствени заштеди од 151 милион евра годишно. Дополнително, се потенцира важноста на зелените опции за намалување на ситните честички кои вклучуваат енергетска ефикасност, промена на горивата и усвојување на почисти технологии.
„Сè поголемата енергетска ефикасност на зградите и на другите производствени процеси (на пример во металургијата) се важни за намалување на емисиите. Исто така, промената на котлите што согоруваат јаглен или нафта со котли на природен гас би била значајна мерка“, се вели во извештајот на Светска банка.
С.Н
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.