26 Април, 2024
0.0303

Ние сме за жал еден експеримент, па резултатите за смртноста од Ковид-19 нормално е да се поразителни: Разговор со д-р. Никола Пановски

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

На почетокот се даваа антималарици, антихив терапија, потоа антикоагуланти, кортикостероиди, ковалесцентна плазма, озонотерапија, антибиотици....Во трката да се победи корона вирусот, од почетокот на епидемијата во земјава, постојано се менува терапијата на пациентите. Здравствените власти велат дека се постапува исклучиво според насоките и протоколите што ги дава Светската здравствена организација. Но, за жал, Македонија е на 8-то место по смртност во Европа од Ковид-19 и забрзано се искачува по скалилото.

Што не чини, каде се греши, ова е прашање кое секојдневно се поставува. Во однос на лекувањето и терапиите за болните пациенти од корона вирусот, Фактор поразговара со еден од врвните микробиолози во Македонија, д-р. Никола Пановски, кој вели дека ние за жал сме еден експеримент, кој сами си го правиме, заради што и смртноста кај нас е огромна во однос на бројот на насление. Тој досега неколку пати алармираше за неверојатната употреба на антибиотици, како и за комбинацијата на лекарстава кои им се даваат на пациентите, а кои немаат резултати во лекувањето на болеста.

Во однос на антибиотската терапија, посочува дека таа се дава исклучиво кај пациенти кои ќе развијат компликации поради бактериска пневмонија.

-Само ако пациентот има бактериска пневмонија, која се докажува со клинички испитувања, лабораториски испитувања, треба во лекувањето да се вклучат и антибиотици. Но тоа се случува кај еден од 100 пациенти. Не е нормално на секој кој ќе се зарази со корона вирусот веднаш да се препишуваат по два и по три антибиотика и тоа по две дози од секој. На пример, Се пијат само три таблети сумамед, бидејќи овој антибиотик има продолжено дејство. Освен што го намалуваат имунитетот, тие се крајно токсични за организмот. И тоа што сакам да го потенцирам е дека никогаш не се даваат антибиотици со сличен или ист спектар истовремено, тоа нема никаква логика, како што ја прават комбинацијата на сумамед со моксирал. Со прекумерната доза на ваквите лекови, се убиваат и добрите бактерии во организмот, па доколку еден пациент заврши во болница, тој е веднаш подложен на хоспиталните бактерии и неговиот организам не може да се избори. Затоа и имаме поразителни резултати кога станува збор за смртноста во болниците, посочува д-р. Пановски.

Микробиологот смета дека е крајно време здравствените власти да ги преведат насоките, односно протоколите за лекување на пациенти болни од корона вирусот од земјите кои, како што вели успешно се справуваат во борбата против Ковид-19.

-Хрватските протоколи се навистина одлични. Нека ги преведат тие, Хрватска е земја слична на Македонија, не мора подалеку да се оди. Таму е стриктно наведено кои лекарства за кои пациенти. Што се однесува до антибиотиците, во хрватските протоколи пишува: Нема докази или индикации за истовремена употреба на два или повеќе лекови (комбинации) за третман на COVID-19, освен во клиничко испитување. Третман на пациенти со хидроксихлорокин COVID-19, хлорокин фосфат, лопинавир / ритонавир и / или азитромицин не се препорачува, освен како дел од клиничко испитување. Во случај на клиничко сомневање или докажана коинфекција (грип, бактериска инфекција), други антимикробни лекови може да се додадат во горенаведените форми на антивирусно и имуномодулаторно лекување по избор на клиничарот.

Во насоките кои ги даваат хрватските здравствени власти, се посочува дека тие се наменети исклучиво за клиничари, првенствено инфектолози и интензивисти, но исто така и за други здравствени професионалци вклучени во третманот на пациенти со КОВИД-19 болест.

-Ние во однос на ова имаме многу поинаква слика. Секој може да си купи антибиотик кога сака. Матичните лекари препишуваат веднаш само за да не им додеваат пациентите. Се прават залихи, ги пијат превентивно, но потенцирам дека ова мора да престане. Кон целава ситуација мора многу сериозно да се пристапи и да престанеме веќе самите да си се правиме експеримент, истакнува професорот Пановски.

Што се однесува пак, до употребата на кортикостероидите во третманот на болните од корона вирусот, во хрватските напатствија е наведено дека тие се потенцијално корисни во третманот на тешки и критични форми на КОВИД-19 по седмиот ден од болеста. Во овие случаи, се препорачува употреба на дексаметазон, освен ако нивната употреба не е контраиндицирана.

Се даваат десет дена (или до отпуштање ако пациентот е хоспитализиран на кратко време), без потреба за постепено намалување на дозата.

Кортикостероиди се исто така дозволени кај пациенти со несоодветен имунолошки одговор: хиперцитокинемија, секундарна хемофагоцитна лимфохистиоцитоза и синдром на активирање на макрофаг (MAS). Во овие случаи, се препорачува консултација со интернист / клинички имунолог. Кортикостероидите може да се користат слободно во случај на хронична терапија или состојби во кои се апсолутно индицирани. Дозволени се и за пациенти со астма.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот