26 Ноември, 2024
0.0282

НИКАКО ДА СЕ СИМНАТ ОД ТОП ЛИСТАТА НА ДРЖАВНИ ДОЛЖНИЦИ - фирмите ќерки на ЕСМ за парното со вкупен долг од 37 милиони евра

Објавено во: Економија 18 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Двете друштва на ЕСМ кои го обезбедуваат Скопје со електрична енергија, и во третиот квартал од годинава се меѓу десетте најголеми државни должници, со најголем процент на доспеани, а неплатени обврски. Истата состојба беше регистрирана и на крајот на првото полугодие од годинава.

Според најновиот извештај на Министерството за финансии, ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје на крајот на третиот квартал од годинава имала вкупен неплатен долг од 26 милиони евра, со што е трета на листата на најголеми државни должници.

Сепак, оваа сума на долг е само нешто пониска, или прецизно за 1,7 милиони евра е помала од состојбата на крајот на вториот квартал од годинава, кога долгот на ЕСМ Дистрибуција на топлина изнесувал 27,7 милиони евра.

Притоа, пак, треба да се има предвид и извештајот за државните должници на крајот на првиот квартал од годинава, од кој може да се види дека ЕСМ Дистрибуција тогаш должеле 22,5 милиони евра. Ова значи дека за само три месеци, фирмата ќерка на ЕСМ која е задолжена за дистрибуцуија на топлинската енергија до 60 илјади скопски домаќинства, го зголемила својот неплатен долг за 5,2 милиони евра, но во наредните три месеци, пак, го намалила за 1,7 милиони евра.

Сепак, трендот не е поволен, со оглед на фактот што овој дел на ЕСМ, односно ЕСМ за дистрибуција на топлина, досега не фигурираше како голем државен должник, за сега, откако тие го презедоа обезбедувањето на парното греење, да се најде како трет на листата на најголеми државни борчлии.

Исто така, на крајот на септември оваа година, уште една компанија на ЕСМ поврзана со парното, односно ЕСМ снабдување, има регистрирано долг од 10,6 милиони евра. Ова е прилично значаен долг, иако и овде мора да бидеме искрени и да признаеме дека во споредба со три месеци претходно, таа задолженост била уште повисока и изнесувала 13,5 милиони евра. Што значи дека за период од еден квартал, односно третиот, вкупните досепеани а неплатени обврзки на ЕСМ Снабдување со топлина се намалиле за близу три милиони евра.

Со ова ниво на долг ЕСМ снабдување на крајот на третиот квартал е на седмо место на најновата листа на десет најголеми државни должници во земјава.

Сепак, ако се направи споредба со крајот на март, долгот на ЕСМ снабдување тогаш бил само 12 илјади евра, и оваа компанија била многу долу на листата на државни должници. Значи, практично за шест месеци е натрупан голем долг од над 10 милиони евра кој компанијата ќе мора да најде начин како да го подмири.

Додека, пак, ЕСМ производство на топлинска енергија, нема неплатени обврски кон доверителите.

Како што е познато, сѐ до лани, односно до грејната сезона 2021/2022 година, скопјани беа снабдувани со парно од БЕГ, приватна компанија, која потоа не можеше да ги издржи високите цени на гасот и се откажа од лиценците за обезбедување на топлинска енергија. Потоа државата топлинската енергија ја зеде под свое, и производството, снабдувањето и дистрибуцијата им го довери на компаниите на државното ЕСМ, кое склучи и нови договори со потрошувачите. На крајот на март беше обелоденето дека БЕГ останува должен со 4,6 милиони евра обврска кон државата, по заемот што го доби со настапувањето на енергетската криза. Во меѓувреме ЕСМ со посредништво на РКЕ направи „компензациски договор“ со БЕГ, согласно кој требаше да се обиде да ги наплати обврските од август па натаму. Враќањето на средствата кон ЕСМ требаше да се реализира најдоцна до усвојување на годишната завршна сметка за 2022 година за БЕГ, односно март 2023 година.

Неодамна објавивме дека според сознанијата на Фактор, ЕСМ снабдување во изминатиот период немале добра наплата на сметките за парно од скопските граѓани, а дополнително, фирмата не сакала да оди со наплата на своите побарувања со извршители, што дополнително го отежнува прибирањето на парите за испорачаната топлинска енергија.

Инаку, традиционално, АД МЖ Транспорт е најголем должник на крајот на третиот квартал, со доспеан а неплатен долг од 68,6 милиони евра, додека, пак, на втората неславна позиција е МЖ Инфраструктура, со неподмирени обврски од 34,5 милиони евра. Сличен долг имале и на крајот на вториот квартал од годинава, и тоа МЖ Транспорт 69,6 милиони евра, а МЖ Инфраструктура исто - 34,5 милиони евра.

Владата на 10 ноември му исплатила вонредни 16 милиони евра на Македонски Железници - Транспорт за да ги расчисти навремено долговите за електрична енергија. Овие убедливо рекордни пари ги добија наменски надвор од редовните субвенции од Министерството за транспорт за превоз на патници и самофинансирачкиот буџет за товарен транспорт.Ова е убедливо највисока ваква сума што Владата му ја исплаќа на МЖ Транспорт, откако и лани пред крајот на годината легнаа 3,3 милиони евра, за да може да го плати долгот кон ЕВН поради кој дојде до кратко исклучување на струјата. 

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката