Никој да не ги напаѓа новинарите на митинзи, побара ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2016 21:05
ВМРО-ДПМНЕ побара да се почитуваат новинарските екипи кои ги следат изборните митинзи и собири на политичките партии, особено по инцидентот со екипата на МТВ која го следела митингот на СДСМ во Тетово која тврди дека била исплукана од симпатизери и вербално нападната.
„Најостро го осудуваме последниот напад и притисок врз новинарската екипа на Македонската радио-телевизија од страна на членови и симпатизери на СДСМ. Закани и заплашувања врз новинарите и медиумите мора веднаш да престанат. Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно и професионално да ја вршат својата работа“ соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна, пак СДСМ вели дека не знаат дали навистина дошло до таков инцидент, но даваат целосна поддршка на МВР да го расчисти случајот.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




