Никој не ми вршеше притисок да гласам - сведок во судскиот процес „Моќник“
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2022 15:51
„Никој ми нема вршено притисок како да гласам на Советот на општината“, изјави сведокот Стојан Секулоски, поранешен советник во локалната власт во Македонски Брод, а сега пензионер, кој како што рече пред судот прв пат во своите 74 години влегува во судница, а денеска беше сведок во судскиот процес познат во јавноста како „Моќник“, пренесува порталот Нова.тв.
Овој судски предмет се однесува на продажба на имот, зграда од 157 квадратни метри, изградена во 1950 година и дворно место од 3.920 квадратни метри во село Ижиште, во сопственост на општина Македонски Брод, а го користела општина Пласница. Имотот бил продаден на таткото на пратеникот Антонио Милошоски, кој го платил по цена која денеска ја потврди и сведокот, а според едногласната одлука на општината Македонски Брод изнесувала 100 денари за метар квадратен.
Сведокот Секулоски рече дека одлуката била законски изгласана, а дека пред да се случи гласањето тогашниот градоначалник Милосим Војнески ги запознал советниците со продажбата на недвижниот имот во селото Ижиште, што според сведокот не било ништо невообичаено со оглед на тоа што во тоа време општината нудела на продажба општински имот, наследен од поранешните месни заедници.
„Во Скопје се продаваше по цена од едно евро, а ние донесовме одлука да не се продава под 100 денари за метар квадратен“, рече Секулоски. Тој на прашање на обвинителот како изгледал објектот рече дека бил изграден на ниско, во времето на социјализмот бил продавница и дека општината Македонски Брод сите објекти и училишта од кои речиси 50 отсто биле во распаѓање ги продавала за да оствари некаков профит како сиромашна општина за потребите на буџетот и граѓаните. Сведокот на прашање на обвинителството, дали објектот бил во целосна сопственост на општината потврди дека е така, а тоа свое сознание рече дека го имал затоа што работел во општината и му било познато дека објектите кои во времето, како што рече, на социјализмот, целосно припаднале на општините, кои потоа имале законска можност да ги продаваат.
Извор: Нова.твМожеби ќе ве интересира
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција




