Добивај вести на Viber
На пасиштата во места каде просечната плата е 12 илјади денари, малкумина се фаќаат за овчарскиот стап. Милуваат да речат – „од работата само се грбави“.
„Никој не сака да работи како овчар. Тука велат дека нема работа, а овде не сака никој да работи ни за 500 евра“ – раскажуваат познавачите.
Кого и да прашаш дали сака да чува овци, ќе ти одговори – нели се твои овци, чувај си ги. Изгледа на ергените по селата полесно им е да седат на улица и да пијат пиво, отколку да чуваат овци
Од околу 300 илјади официјално невработени во земјата, речиси е невозможно да најдеш некој кој сака да заработува чувајќи овци и крави.
Според сточарите, иако платата е 400 до 500 евра, а и државата обезбедува дополнителни субвенции, никој не сака да биде овчар.
– Треба да знаеш да знаеш да ја нахраниш, напоиш, да се грижиш за овците. Треба се да познаваш, секоја овца, секое јагне чие е – раскажуваат овчарите.
Но овој проблем е сериозен.
Сточарите размислуваат да ги симнат овците од планините и да се преориентираат на шталско чување. Но, тоа може ќе значи и крај на традициите за подготовка на бело сирење во мандри, изумирање на старите рецепти и затворање на многу бизниси кои опстојуваат во оваа дејност, вели
Ивица Софрониевски од Бродец, Гостиварско, кој е архитект, но работи и во семејната фарма со 2.500 овци.
Помош се бара од Албанија, бидејќи состојбата во Србија и Бугарија е речиси идентична, и таму тешко се наоѓа овчар.
Се намалува бројот на добиток, млеко, месо и јајца. Според податоците од Публикацијата за сточарство изработена од Државниот завод за статистика, освен во пчеларството во сите други гранки во сточарството, од 2011 до 2015 година статистиката регистрира намалување.
Па така бројот на говедата од 265 илјади во 2011 година, лани се намалил на 253 илјади говеда. Намалување има и во бројот на кравите и стелни јуници, кој од 164 илјади пред пет години, лани е намален на околу 157 илјади грла.
Бројот на живината лани изнесувал 1,7 милиони броја, додека во 2011 година имало скоро два милиони броја.
Пад е забележан и кај бројот на овците, козите, коњите. Зголемување има на пчелните семејства.
Статистичките податоци покажуваат дека освен бројот на добитокот, во последните пет години се намалува и производството на дел од сточарските производи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: