Никола Димитров: Македонскиот народ со право е навреден
Објавено во: Македонија 17 Април, 2022 13:46
„За вистинско пријателство недостасува клучен елемент - основна почит кон соседот, нешто што само ние го обезбедуваме.
Оваа "политика" и за аматери е јасно дека е погубна и никако ама никако не може да се спакува како “мудрост”. Таквата “политика” не само што го потхранува апетитот на Бугарија и потврдува дека ветото е продуктивно и работи за нив, туку не води сметка за достоинството на македонскиот народ, кој со право се чувствува навреден и онеправдан, вклучувајќи и од вчерашната парада во Битола“, напиша Димитров на Фејсбук.
Поранешниот министер за надворешни работи упати и критики кои алудираа на актуелниот шеф на македонската дипломатија Бујар Османи, кој демантираше дека има нов документ понуден за постигнување на договор за надминување на спорот и дека всушност бугарската страна го одбила португалскиот.
Од изјавите на премиерот Петков знаеме дека нашата влада прифатила да преземе обврска да ги вметне Бугарите во Уставот, само се разговарало кога тоа да се направи: дали тоа да биде услов за почетокот на преговорите или да биде услов на следната кривина - отворањето на првиот кластер темели.
Тоа значи дека сегашната влада направила двојни концесии за бугарското барање во однос на позицијата на претходната влада. Прво, се сложила да усвои амандман на Уставот на почетокот на преговорите. Претходната влада тоа го постави на крајот на процесот, при зачленувањето во ЕУ.
Второ, владата сега ветува нешто што може да го испорача само двотретинско мнозинство во Собранието. Претходната влада разговараше за можноста да иницира уставен амандман до Собранието, на крајот на европскиот пат, кога секако ќе се отвори Уставот заради зачленувањето, оти без симнување на сите антиевропски предизвици кон македонското мнозинство од страна на Бугарија, нема никаква основа во Уставот да се запише бугарското малцинство“, смета тој.
Димитров порачува дека во моментов од другата страна нема спремност за добрососедски разговор што прилега на 21от век и да се зафатиме со работа дома.
„Во меѓувреме, односите треба да се приспособат на реалноста, а работите да се наречат со вистинските зборови. Ветото е непријателски чин. Уцена. Негирањето на правото на самоопределување е грубо мешање во суверенитетот и во една исклучиво наша работа. Тоа е непријателски чин.
Еднаш за антиевропската бугарска политика кон Македонија реков дека со вакви “браќа” не ни требаат непријатели. Но, за жал, и со ваква надворешна “политика” на сопствената влада изгледа нема да ни требаат непријатели.
Северна Македонија е независна и суверена држава, членка на НАТО, а не нечија провинција. Така треба и мора да се однесува“, додава Димитров.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




