07 Октомври, 2024
0.1541

Никола Димитров се откажа од тужбите за „Рекет“

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Бикола Димитров, министерот за надворешни работи, објави дека се откажува од намерата да ги тужи порталите „Инфомакс“ и „Република“, кои го поврзаа со случајот „Рекет“.

Според шефот на македонската дипломатија, доволна била сатисфакцијата што Советот за етика во медиумите донела одлука против двата електронски медиуми во која се вели дека тие го вмешале Димитров во „Рекет“ без ниту еден аргумент и со неточни информации со цел да го дискредитираат.

„Во моментот кога ги видов текстовите, згрозен од дрскоста моето име да се плетка во случај со кој немам никаква, ама апсолутно никаква врска, а чија разрешница е исклучително битна за земјава, кажав дека правда ќе побарам на суд. Но, следејќи ги добрите европски практики и слушајќи ги апелите на новинарските организации, особено во контекст на најавените чекори за силна саморегулација на интернет просторот, сепак се одлучив да ги поддржам професионалните новинари и нивните обиди за воспоставување на ред во сопствениот двор. Јас имам мисија и немам време за секојдневни тужби. За волја на вистината, уште помалку тоа време и приоритети ги има во моментов македонското судство“, објави Димитров на својот профил на Фејсбук.

Димитров и синоќа во врска со случајот „Рекет” во телевизискиот дуел со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, беше дециден дека воопшто не е инволвиран.

„Обидот со лаги да ме извалкате или да ме ‘пикате’ во ‘Рекет’ е безобразен. Милиметар немам со таа приказна. Планината што доаѓа по датумот за преговори е токму да се справиме со оваа грозна спрега на подземјето. Тоа што излезе од бомбите го немаме сериозно чепнато, а треба и ќе има одговорност”, му рече Димитров на Николоски.



Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил